абер (м.)
Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Беше време кога во градот крај реката идеа абери од родниот град крај езерото за интернација на блиски, за затворање на овој или оној од семејството без никаква вина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога во студентски дом или некое станче ќе нагрнат гости од секаде а е крај на месецот и од дома немаат абер да испратат пликче со пари тогаш на сцената стапува степчето.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
За душата уште се зборуваше во нашето бегалско семејство, а тоа често се случуваше, кога денот ќе осамнеше со абер од другата страна на границата, кој најчесто, ако не и секогаш, во тоа клето време на сталинизмот значеше исчезнување на близок.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Младите штрчиња ги учеле да летаат нависоко и Аџијата беше распратил абер по сите страни да се чинат азар сите штркови, за на свети Панделимон да тргнат за на вилает; му стори абер и на Силјана за и тој да се стори азар.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Но и кога земените од војска не се вратија, стигна абер дека останале да лежат таму на бојните полиња за слава на империјата и неговото височество султанот, Руса пак продолжи да го чека Јована.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И онака, вели, не му е јасно зошто Симон му ги оставил на чување, што ќе му се, кога таа веќе му ги вратила, откога сфатила дека на него не може да се надева, дека тој абер нема да се разведе.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Улавееја сурферите низ разбранетата минливост и со начучулени уши залепени на даските очекуваа први да го слушнат големиот абер од големиот бран.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Во доцните часови заѕвони телефонот. Изостреното претчувство ѝ кажуваше дека ваков абер толку доцна не доаѓа за арно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во тоа време пристигна абер од Скопје дека го бараат пашата, а од Прилеп – го бараат кадијата, та требаше да се растури целата дружина и бунтовниците пак да ја избегнат катастрофата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се пушта абер наоколу, сите ја пробуваат, добива добра репутација.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Стигнуваа абери и од другата страна на границата, од Албанија дека и таму се извишуваат нови насипи и хидроцентрали, како што некогаш му навестуваше Гури Порадеци на Татко.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не само што една жена има 2 мушкарци туку има и жени шо имаат по 4-5 мушкарци, а овие абер немаат за тоа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Праќаше абери да се сретне со познатите на кои можеше да им верува, го побара и Каламатија кај кого беше останала благајната со народните пари со кои беше и тој задолжен, но набрзо сфати дека многу работи се измениле додека беше отсутен па речиси неволно заклучи дека за жал нивната Организација потсетува на откачена карпа што се тркала од Исарот и никој веќе не може ниту да ја запре ниту да управува со нејзиното паѓање.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Лектира
кнезу Репнине
пукната калино во мозокот
црвено во копнежот се всадуваш
прибираш сѐ што е светло
безграничен
меѓу корици
мирисаш на бебе
те канам
чај да се напиеме
зимата да ја згаснеме
небаре жед
ти седумдесет и шестата
јас тебе
да те видам
меѓу луѓето немаштија
во мене исто така
- има што да видиш
дождот се самоубива кога врне
за да постои мора да врне
зли абери како метафори ме следат
ѝ се ближи крајот на неизвесноста
репнине
литературо!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ајде, кажи му на побратимот шо ќе му кажиш, пак он утре рано нека а намачка преку рид, утревечер пак нека дојде со абер, а ти спремај си тоа парталочките, појди му и заживеј си како човек, шо се вели лавот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Не стигнуваше ниту абер од роднините од преку блиската граница.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Кога на султанот му стасале на сто златни тепсии сто востанички глави добро заштитени со сол како подарок од пашата Лобуд и како крвав абер за најновата победа на Отоманијата, калуѓерот свечено го вовел улавиот во зафрлен манастир и со благослов го преоблекол во мантија, заедно да им служат на светците, да ги окопуваат лозјата и пченките и да ги пасат козите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа значеше: што ти се чинеше - овој абер нема од веков, овој е загубен? Загубен, а?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)