акварелен (прид.)
Во последниот дел од ревијата моделите носеа отворени лежерни фустани со тенки бретели, истакнат струк и широк пад, или гол грб со тесна долга сукња но во весели, шарени дезени: „Флорида“ (акварелни цветови), “Гранд При“ (цртани цветови), споени птици во стил на Ешер во црвено/светло сива нијанса, со лудо поставени вистински цветови/камелии над косата и мрежа која паѓа над очите.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
На пример, стилизираната геометриска форма на лист врз кој се слева тенок акварелен намаз, преку меките потези од молив.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ја пренесов ликата на сестра Ангелина врз хартијата, со акварелни бои.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ко суштество кое се бори со последни сили во кошмар со акварелен спектар на човечкиот ум, кој заминува во вечност...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)