аконтација (ж.)
Имено, правното лице од горенаведените дејности може да ги исплати месечните аконтации на чистите лични доходи по работник најмногу до правото утврдено во закон 7 за периодот септември- ноември 1990 година, зголемен најмногу до 90% од растот на исплатените чисти лични доходи по работник во стопанството за последниот месец за кој се објавени податоците од Републичкиот завод за статистика во однос на просечниот месечен чист личен доход по вработен во стопанството за периодот на септември- ноември 1990 година (чл. 1, ЗИЛДДЛПР/91).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За сето време на првостепената и второстепената кривична постапка, тие земаа надоместок на плата – иако, некои од нив, беа во притвор или беа суспендирани. 29 месечна аконтација на платата остварена во последните три месеци; а ако тој издржува и семејство – во висина од 1/2.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, на пример, веќе ја немаше ниту изречната одредба според која, за времетраењето на суспензијата, работникот има право на надомест на личниот доход во висина од 1/2; а ако издржува семејство – во висина од 2/3 од износот на просечната месечна аконтација.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)