акробација ж.

акробација (ж.)

На глава круна ќе ставам и акробации чудни ќе правам... Не, не, не, извикаа дечињата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му препуштив на Земанек да ѝ објасни; тој рече дека од раѓањето сум талентиран за еквилибристика, односно за акробации во кои најважно е одржувањето на рамнотежата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трчкаа по зелените патеки довикувајќи се, се држеа за рачиња, изведувајќи вистински акробации се смееја и се качуваа по дрвјата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)