алхемија ж.

алхемија (ж.)

Навистина сѐ беше изменето од алхемијата на тоа нешто што беше се случило во него. Тоа објаснуваше сѐ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почетокот е илуминација на свет- текст принесување животни и растенија пред идејата и чинот почетокот е прекршување на небото во алхемиското огледало на писмото во црвените и црни курзиви во она што нѐ одликува од другите она по што го паметиме сижето - животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој речиси алхемиски трагаше по ова семејно враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да ја провериме оваа претпоставка со разгледувањето на значајот на огнот во алхемиската доктрина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко долго време го подготвуваше ова патување во алхемиската лабораторија на неговите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И во алхемиската традиција овој дел од телото има подеднакво богати конотации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го допираше внимателно секој документ од сиџилите со своите долги прсти, како со пинцета, работејќи во најнеобичната балканска алхемиска лабораторија на идеи, во потрага по исчезнатото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Алхемијата извлекувала од пената на ракијата разбудување на машки соништа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Значајот на боите во алхемијата ќе го разгледаме подоцна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во некаква незавршена балканска алхемиска игра на случајот, се надоврзуваа неговите источни и западни идеи во потрага по вистинскиот излез на семејството, за на крајот да се препушти на верната интуиција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Што ако успее алхемијата на претворањето на Нештото во Ништо жигосувањето на живо? 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Би било возбудливо да се гледа еквилибрирањето помеѓу науката и алхемијата, философијата и религијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Би било преопширно да се навлегува во значењето на алхемијата, во бесконечниот процес кој, претворајќи го (симболично) неблагородниот материјал во злато, ја постигнува светлината и соединувањето со помош на темнината и расчленувањето - тој процес асоцира на урамнотежување на нескладноста внатре во идеалот на длабокото соединување на спротивностите (митскиот мотив на андрогинот), но, исто така го предвидува цикличното и дијалектичкото повторно добивање на контрастот, во една непрекината трансформација, чијашто точка на исчезнување, перманентно оддалечувајќи се, е Утопија (златото, каменот на мудроста).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Обрезан, се соочи со природата мајката, морето, Марија младата се возбуди горешто ко огледало блескотна обелискот од искон создаден во него, близнак се преслика бесконечноста о, срцето на немоќта ритамот и смртноста - опсцената, ласцивната обелискот се вивна во интимниот кат, во еонот од похота по постоење со вродена моќ и смисла да биде проблесок на еросот нишан - алхемија трепетно писмо меѓу човекот и космосот веда устремена кон небесната матка за да го одрази идеално недопирливото овоплотувајќи се себеси сѐ она кое не се прикажува но може да се види со голо око створителу Куросе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Постоеше систем на поврзаност на овие записи со татковите книги во рафтовите на библиотеката, некаква осмозна алхемија чии тајни таткото, господарот на својата библиотека ги однесе со себе, но остави доволно за разгатка за тие што би имале моќ да ги откријат тајните кодови на неговата митска библиотека...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иницијациското значење на Belle Haleine го потврдува и значењето што во алхемијата ги имаат велот и водата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога човек се збогува со близок во својата душевна длабина алхемиски се бори, да ги оживее блиските и далечни спомени, да го поврати изминатото време со саканиот исчезнат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие во неа надоаѓаат како да некогаш многу одамна, во некое најдалечно минато, некој ги заточил, па ете сега преку неа, преку нејзините алехмиски процеси на мислата, дотекуваат како надојдени реки, како незадржливи лавини што мораат да се излијат за да не изгнијат.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И тој го сожалуваше него поради тоа што не беше допрен од алхемијата која предизвика ова чудо да се случи во него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе