амин (изв.)
И да вели амин И мајка ти потоа да стане И да ја принесе првата чинија узреани черешни Од вашиот двор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Врват луѓе, нѐ гледаат, се пресмеваат. - Аирлија, велат луѓето. - Амин, вели Јон, бериме сливи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој само за себе се моли, некој и за здрави и за болни и за умрени се моли. „Господе помилуј и амин господе!“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Те гледам се молиш покрај една света рака И во копитата на коњот што го враќа твоето момче Има многу ѕвезди и – амин меѓу ѕвездите...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Циљка прекина, воздивна длабоко, погледна на околу и тивко, одвај чујно изусти: - А дедо и баба и мајка и татко и сите ние рожбите нивни дома секогаш вака си се крстевме и велевме: слава Отцу и Сину и Свјатому духу и ниње и присно и во вјеки вјеков... Амин.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И таа забранета јаболка што ја отру душата И прогонети во времето што нѐ остави сами - Амин.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ни небо ни галица – само глас од далеку што иде И стеблото што го ниша и тие под стеблото сами - Амин.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Ни земја ни божјак – само троа месечина горе И еден крст што да ги покрие сами - Амин.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Со нив моли се за нас, преподобен учител, што го прочитуваме твоето преславно успение во славата на Пресвета Троица, Таткото и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, АМИН!
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Пресуди им праведно на душите што ти ги носам, спаси ги од изгубеноста во вечниот мрак и дај им прошка и утеха. Амин“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ни морија ни јота – само една темна песна Од која да изгори сѐ за да останат сами - Амин.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Испрати тајно свои претставници во СССР со амин на Брежњев, да им ги пренесат тајните на мумификацијата на Ленин и Сталин. Му беше одбиена бесмртноста.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На челото е умот (Отецот), значи, со здрав разум, во срцето е црквата, домот на Синот, значи со здраво, чисто срце, десното рамо е силата (Светиот Дух), значи, со цврсти раменици, тој да ни ги крепи рамениците, да бидеме исправени, зашто рамениците ни го крепат целото тело, и на левото рамо кажуваш Амин, нека биде така!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одовде до Секуловци десет чекори место е и за едно „свети боже", свети крпки, венчаетсја раб божи Илко со рабина божја Доста, сегда и нинје и приено и во вјеки вјеков амин", и .. . клоп ! ... три лири во џепот, бадијала ли е ? . . .
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Господе, ако постоиш, чувај нѐ од најлошото и стори полни да ни се ранците со леб и топли чорапи да ни греат нозе, цокули дај ни здрави за да не газиме на босо, панталони и топли шинели стори да имаме сите, маршеви по студено и врнежливо нека нема, од бој да се враќаме неповредени, куршум да не не фаќа и лесни да ни се пушките и стори, Господе, што повеќе топол граф да има барем и со малку мевце, комесарот нека не вика и стори кодошите да ослепат, да оглуват и онемат... Амин...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
АРСО: Амин и тебе раката! (Ѝ дава знак со прстите на Цонка да му побара на Теодос пари.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се втурнавме во нивните пароли затоа што некој друг така рекол и ние рековме - амин.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)