амнезија (ж.)
Ги слушам и знам дека страдаат од амнезија... дементни, одвратни старци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Верата која му го покажува патот
на разбирањето.
Претчувството е вид сеќавање
бегство од заборавот
развод од амнезијата
обездомување.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Возењето претставува една спектакуларна форма на амнезија. Сѐ да се открие, сѐ да се избрише.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
- Винска амнезија, докторе. И докторите сами си препишуваат терапија за да можат да се откачат од реалноста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се создаваше нова митологија на Балканот, можеби и поубиствена од претходната која ги ставаше новите држави- нации во тотална амнезија кон османското минато, кон османската компонента во нивните идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Си велиш, амнезијата
е смрт, имаш зазор
од неа и зборуваш, зборуваш
во себеси, немо, гласно
само да не мислиш на смртта
- зборувањето е илузија на живот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Првите никулци на јаничаризмот можеа да се најдат во македонската фаланга, потоа во преторијанската гарда на римската империја, кај елитните стрелци на Руската империја, кај египетски Мамлуци Императорите имаа доверба во одбранбените елити на своите гарди кај кои беше тотално збришан првичниот идентитет, речиси засекогаш најдени во тотална амнезија во однос на своите блиски, на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)