андерграунд м.

андерграунд (м.)

Занимавањето со андерграунд уметност во транзицијата беше еднакво на самоубиство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Официјалната култура и политика никогаш не можат да го фатат во комплексноста на подземниот лавиринт каде андерграунд уметникот фантастично се снаоѓа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но во осумдесетите кога целата југословенска и социјалистичка идеологија веќе евидентно се претвораше во цркотина, андерграундот веќе не можеше да биде уништен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Вториот човек што сакам да го споменам во овој контекст е господинот Башким Адеми, кој е претставник на една сосема нова феноменолошка одредница во скопскиот андерграунд.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мојот ангажман на планот на андерграунд- идеологијата е хроничарски (од аспект на интелектуалец) и иманентно продуктивен од аспект на емпиричар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа беше време на интензивно дружење со двајца андерграунд поети, Поп Дучев и Ванчо Ѓошевски - Irfante кој сѐ уште живее во Берлин - место каде заврши последната европска војна и од каде почна реално да се распаѓа комунизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Андерграунд движењето кое вистински дејствува во андерграундот, едноставно не смее себеси да си дозволи никаква гласна униформа“, рече во една прилика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мојот стрип почна да се појавува заедно со таканаречените андерграунд неделници во земјава.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Тоа беше единственото андерграунд списание, така што еден ден влегов во канцеларијата на Холивуд Булевар, а рецепционерот седеше таму викајќи „Немој да работиш за овие копилиња!“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вива продолжи да зборува за филмот и за тоа како игра еден андерграунд филм-мејкер во сцена на журка, на која Џон Војт ја запознава Бренда Вакаро.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во животот може да прочитате иљадници контролирани наслови кои системот ќе ги наметне, но за да ја разоткриете правата вистина доволни ќе ви бидат само десетина андерграунд книги.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Октомври - првата самостојна изложба одржана во Институтот за современа уметност на Универзитетот во Пенсилванија. Го објавува своето повлекување од ликовната сцена. Ги среќава Велвет Андерграунд, рок група.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имаше нешто што личи на Гарбо во оваа ненадејна одлука да ја напушти својата публика која сѐ уште дигаше врева за неговите слики со Кемпбел-супите и скулптурите на „Брило“-кутиите; и имаше нека­ква логика во начинот на кој Ендиевите филмови полека се доближуваа до пародиите за холивудската неумереност - импровизираната екстраваганција со која ги претставуваше андерграунд „суперѕвездите“ како Бригит Полк, Еди Седвик и Вива. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 147
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа беше вистински општествен настан во андерграунд светот, бидејќи толпа луѓе од Макс и од нашите филмови беше во него...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Андерграунд уметникот е како Сократ - филозоф и мудрец во своето тело и во реонот на својата перцепција; доколку андерграунд уметникот биде вознемирен и испровоциран од масите тој уште подлабоко бега во подземјето.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Љубомора што луѓето со пари ги крадат темите од андерграунд животот и им даваат добар и комерцијален изглед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Двете споменати изложби ги прикажаа андерграунд движењето на стрип-цртачи.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Ова е андерграунд храм, каква црна затворена проекција, ви се молам!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше убеден дека успехот на Девојките од челзи е всушност знак дека сега и обичните луѓе сакаат да гледаат андерграунд филмови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И кога конечно сите сили на глупоста ќе се солидаризираат и ќе преземат колективен и темелен лов на андерграунд уметникот рушејќи ги сите негови ходници, излези, пасажи, мостови, извори и хранилишта тогаш андерграунд уметникот немајќи каде повеќе да бега применува страшна техника (кетман), техника која ќе ги маѓепса масите претворајќи го истовремено андерграунд уметникот во тиранин од кој се тресе земјата, а реки од крв се слеваат кон морињата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе