анонимен прид.

анонимен (прид.)

Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие анонимни приврзаници на нивното дело, впрочем и ја спасија колекцијата на примероците од драгоцената флора и фауна на Езерото, во тие тешки времиња, кога за збор глава се губеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ми беше јасно дека анонимен режисер далеку одовде ги предизвикуваше моите емоции и мисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А над сето тоа, сосем анонимни, беа раководните мозоци кои ја координираа целата работа и ги утврдуваа основите на политиката од која произлегуваше кој дел од минатото треба да биде зачуван, кој да биде фалсификуван, а кој да биде избришан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како можеш да ѝ се обратиш на иднината кога ни трага од тебе, па дури ни анонимен збор испишан на парче хартија, не може физички да преживее ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Началникот ја извади големата книга за заповеди и почна да чита: - „За пишување на навредливи и анонимни писма, Управата на военото училиште, ги исклучува јункерите...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во еден анонимен запис од 30 септември 1859 година, кој всушност претставуваше статистика за движењето на бродовите и трговската стока од Цариград преку Трст во текот на таа година, се набројуваат бродовите по име, стоката што ја понеле и името на оној што ја испраќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во мигот низ свеста ѝ проструи добиената анонимна „интернет мува“ со мал сегмент кој сведочеше за автентичноста на материјалот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Подготвувајќи се за едно така страшно дело, кое ќе ја возбуди и вознемири Европа, подготвувајќи се за оној, за човекот вообичаен страшен чин - докрајчување на животот - гемиџиите работеле крајно конспиративно, трудејќи се до крај да останат анонимни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имаше во тој нејзин гест, во таа забрана да читам љубовни песни, нејзе посветени (а сепак анонимни, оти во ниедна песна што ѝ ја испратив јас не ѝ го споменував името, и таа добро го знаеше тоа), имаше велам, нешто нечовечко, нешто политичко, оти не можеш никому, со никакви, освен со средства на моќ да му забраниш да ти дава!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Долги години на домашни анонимни денунцијанти тезата на Климент Камилски им беше храна за нивното напредување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поради инсистирањето на анонимност, не го наведуваме ниту архивскиот број под кои е заведен предметот пред Основниот суд – Битола. 2.  Здруженијата на граѓани, како правни лица, можат да се јават и во улога на работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали е анонимноста, безбедноста, сигурноста од неказнување и непрепознавање таа што го овозможува оргазмичкото искуство кај толпата која се поистоветува со маскираниот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа: перспективите на новата народна уметност се: дебилни, никакви, абнормални и анонимни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И, за таа цел, се користат со уште една природна карактеристика на народната уметност, анонимноста, која тие ја злоупотребуваат и ја користат за ужасни цели: за маскирање, за криење во толпата, за стекнување славна, агресивна, естрадна анонимност!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во вториот дел имаше пет дела на Лајбах од нивниот „забранет период“ од 1984-та, кога во љубљанската сала Малчи Белич отсвиреа еден анонимен концерт кој деновиве ќе излезе како документарен цеде за Dallas/Mute Records.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во осумдесеттите Ле Гак, типично „попартистички“ но со една нијанса повеќе на „онеобичување“, почнува да слика „копии“ на слики од масовната култура (корици на книги и плакати на филмови од триесеттите), притоа користејќи цела палета на различни техники, играјќи се со „стратегиите на идентитет“ (правејќи одредени анонимни мистификации), вметнувајќи во своите „слики“ прожектори, камери, машини за пишување...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За жал , загадувачот најчесто и си останува непознат - анонимен!“ ја убедуваше Иван.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Бездруго, мој пријателе, анонимниот Балканец Фаик Коница, односно Европеецот Транк Спироберг, имал и други приврзаници на своите идеи покрај, се разбира, Гијом Аполинер и Реми де Гурмон? запраша Камилски, веќе внесен во проблематиката, но без да насети каде цели Татко со историјата на оваа полемика во едно далечно и друго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе