апансаз (прил.)
Нешто љубовно Прашалник или нешто љубовно за апансас оставените.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Горчливите сознанија и соочувањето со вистината идат апансас, како неканет гостин в зори.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Нема, ама има врска со физичко, ако мајка ти влезе апансас во соба, а другар ти баш во моментот ти покажува како се прави мост, или скокање по греда.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И, на ненајавена средба, апансас те туркаат во клинч, па со вкрстени прашања од типот „признај сѐ за твоето минато“, те парчосуваат, божем низ хумор.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ми дојде апансас... Неочекувано... Не можев да го спречам...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
- Како! Требаше порано да ми кажете, не вака апансаз, неподготвена...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие нејзини завиени приказни за страшната зима што може да дојде апансас ѝ беа оправдување за тоа зошто таа толку работи и зошто и од другите бара толку многу да се работи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Апансас ќе не уљудеше! ја тресат водата од себе и се пробиваат до огнот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)