апеж (м.)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едно затворање во аргачот, запалив оган, се стори жар и по еден жар кладов во дупките од кучешкиот апеж.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Лузната на лицето, и затоплена од пролетна благост, не се ослободувала од модрите зимски апежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зедов два жара, го подзасеков апежот со ножето, ги боцнав жаровите во двете дупчиња.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Десеттина години со ред порезниците трчаа по сите градови и села, собираа пари без ред: со закани, со казни, со глоби, со грабежи, со апежи...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Најпрвин ги слушнале нивните чекори, пошле еден кон друг, потоа ги виделе, нив и своите сенки што попусто им го сечеле патот: ќе се зграпчат за раце и со нозе и ќе се кинат со апежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ти не се постоела, ти си проѕирна сенка, сениште без топли гради, без врел апеж на влажните заби.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)