апетит (м.)
уште еден домат или за двосмислената свежина на дистанцата во пишување …додека ја дочитував трудољубивата писмена задача на вашиот критичар против новата проза објавена во последниот број на вашето ценето списание се сетив на една од ретките средби со дебелиот кој по сто и осумнаесет дена и ноќи во истамбулскиот затвор и четириесетина килограми помалку си мезетеше сѐ уште со истиот прекар и со истиот апетит двојна салата од домати…
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но великодушноста на Србите е само затоа да ја покажат умереноста на својот апетит и справедливоста на нивните барања: Ете, не го сакаме тоа што не е наше.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Јадеа безволно зашто во жештините апетитот е нула.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Границите брзо се менувале, според апетитите на соседите, големите сили. Малата Ервехе си живеела со солунските спомени.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Правосмукалка Смотан влекач со глава на кобра и со апетит на питон, ги меле остатоците од нашето распаѓање со желудник на морско куче.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
А да го стореше тоа, беше свесен дека ќе ги разгореше непријателските апетити на своите дежурни непријатели од емигрантските и од јаничарските ешалони.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Не толку заради земјата, бидејќи таа не ги привлекуваше нивните апетити, зашто беше пуста пустелија – џунгла, ами да не ги соблазнуваат нивните чифчии по полето со таа нивна слобода со која секогаш и секаде се фалеа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во последно време, канабисот е признат како ретко успешен лек за глауком во Америка, како контроверзен лек за опуштање на мускули при лекување на склероза мултиплекс и лек за апетит при третирањето на болните од СИДА.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И покрај стравот, и покрај немирната ноќ, апетитот му беше добар сојузник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но додека го јадеш црниот, не ставај го на трпезата безволно, презриво: тоа го убива апетитот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но Илко и понатаму си имаше добар апетит, јадеше, шеташе и одеше на брегот да ја лечи реумата во топлата вода.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тоа лето нѐ одведоа на летување на море; бев малокрвен со проѕирни уши, без апетит. Нѐ острижаа до глава: прилегавме на големи лилјаци.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во последните неколку дена болката премина во болест, постојана болност, која со своето будење донесуваше болки во мускулите, гадење, губење на апетитот, обилно потење и отоци во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Шпиро пак вечера, иако по третпат. Сега јаде повеќе од првите двапата, бидејќи и тој се чувствуваше победник во борбата против попот, а и ракиичката му отвори апетит.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нормално, како и секој аздисан, тоа двојно му ги отвори апетитите, па непосредно по запишувањето на факултетот, баба ми му отвори дуќан, за „еснаф, филан човек да стане”, како што знаеше таа да рече.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Како пушачот кој од прибор имал само апетит и два прста да ја држи цигарата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
По долго лечење, на Кала пак ѝ се поврати апетитот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Завитка мудурот, завитка и Сефедин и со апетит тргнаа од килибаровите чибуци, длабоко замислени.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)