архијереј м.

архијереј (м.)

На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За завеса се зедоа чаршафите од архиерејскиот намесник, дедот поп Глигорија, а публиката стоеше на она сретсело на чаирот, каде што играа на Велигден витолишките моми и ергени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа дедот поп Крејо, кога служеше литургија и требаше на входот да го спомене егзархискиот архиереј — владиката, викаше со сиот глас, одејќи кон Царските двери, „В первих помјани господи преосвјашченејшаго архиереја нашего — никој.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бидејќи од ова село имаше само седумосум ученици завршени четврто одделение, при Архиерејското намесништво се отвори пансион за децата од другите мариовски села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Три зони во олтарната апсида. Овде имам архиереи, во архиволтата ликови со медалјони.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)