аспра ж.

аспра (ж.)

Ги продаде кравите, но магарето го позадржа. Не му се даваше за триесет аспри и реши да го врати назад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мариово останува и понатаму султанов хас што ќе дава сто илјади аспри годишно, кои пари лично на султанот ќе му ги носи секоја година мариовскиот земски кмет што ќе си го избира народот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кај сила – нема правина! – Да се лажеме срамота е бегу – проговорија во еден глас попот и кефалијата – сто илјади аспри не само нашето село, ами цело Мариово сермија нема, не готови пари. Ами дајте мувлет?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сто аспри за најдобар вол, педесет – за крава, триесет за магаре бараа стопаните, но ни толку немаше кој да даде, бидејќи имаше многу повеќе продавачи отколку купувачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јадење си носеа, пијалак не пиеја, а на сужните не им дозволуваа ни шербет да се напијат, та остави тие што немаа ни аспра кај нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вашето село борчи на царот сто илјади аспри, за сто години што не сте платиле, како и сами што признавате.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некои од нив, навистина остануваа во Дворецот како стража, некои султанот ги праќаше за војници по тврдините, за три, до четири аспри на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ибн Тајко остана со зината уста додека дубровчанецот џбарна во кожената торба што му висеше крај колкот, протарашка внатре и извади оттаму дебела книга во раскошни корици, украсена со сребрени налепници од цветови и лисја. „Дваесет аспри”, рече скромно. „Дваесет аспри?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Многу милееше комесарот, некаде привечер, да седне на чардакот и да го разгледува новиот куп сечени аспри што му ги беа донеле.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Кој е тој Колумбо?“ „Првин да се раздолжиме, пријателче, со триесетте аспри”, почека дубровчанецот, вадејќи од џебот грст метални парички со кои почна нестрпливо да тропка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таквите тимари носат приход и до 20.000 аспри.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Занаетот што го наследи Марко им носеше доста корист како на градските турски првенци, така и нему, на комесарот, кому градот, иако беше под скопскиот санџак, му беше даден на управување со уште двеста негови луѓе, ама и под закуп за 70 товари аспри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За него работат и соланите низ цела Румелија, тарапаната за сечење сребрени аспри, тарапаната за златни дукати, сребрените рудници, оризиштата, трговските такси...“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Везирот го испрати и овега и го пријави следниот: – Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоакимоса. – Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одговори султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Што нема – нема. Сто илјади аспри од село од триесет куќи, ни имало ни ќе има.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Голем бој вие имавте таму на север со Паша бег и со Кирич Догана, а видов на скопскиов пазар за робје и дете од четири години се продава за дваесет аспри.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Немаш аспра во џебот. - Не ќе биде доста една лира?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ама, ако се има на ум тарапаната за пари што постоеше овде, тарапана во која беа сечени аспри од чисто сребро, е тогаш, комесарот не мораше многу да се јадосува.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе