бааги прил.

бааги (прил.)

Молчеше, само погледот му шеташе наоколу, како да бара место на кое ќе може да отпочине, и тоа негово молчење богами бааги потраја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И бааги време се гледаме така. Сега и попот молчи уплашено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои се бајаги грди, а некои пак се толку примамливи што веднаш се проектираш себеси на нив, опкружен со имагинарна шопска и небесно ладна жолта.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нејсе, по уводот за материјалната состојба, недвижнини и друго, политичката припадност како бајаги важна за основање на една врска, сексуалните способности - самооценети како брилијантни, ликов поминува во експлицитно прикажување на она што има по џебови, придружено со сликовито објаснување како доаѓа до купчиња евра, денари, франци, распоредени во различни џебови од мантилот и костумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дедо оди напред, а ние по него. Бааги народ дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Втората група е бајаги поголема и е составена од екс–Македонци кои интензивно работат на интеграција у канадското општество.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Од Американци најмногу сакам Афроамериканци. Љубезна и насмеана е белата Америка, но и бајаги дистанцирана од тебе.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Па така, со развојот на науката (пред сѐ медицината) хомосапиенсите започнуваат да живеат бајаги подолго, те одеднаш сиот тој верско-брачен концепт се доведува под знак прашалник.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само треба на врата, кога трга на излет, да му се подаде тефтер и пенкало, зошто бајаги е излапен, па да си запишува што му се случува и да си ги скицира тоа позите, за да ги испробувате по дома кога ќе се врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дедо ми го попули малку и потем рече: - Аха. Знам што мислиш. Потоа помолчеа бааги време.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако дома имаш пушач, плаќаш бајаги поголемо осигурање за куќата.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)