бавча ж.
бавчанџија м.

бавча (ж.)

Откај бавчите се носеше свирката на неуморните свирачи – штурчињата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некаде околу полноќ преку мовчето крај тополите помина друга сенка и отаде низ бавчите накај колибата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Седиме со шпанските пријатели во бавчата на Старата Куќа и си ја ладиме душата раскажувајќи дамнешни преживеалици, барајќи лоши стихови во песните на некои наши колеги или мајчосувајќи му ја мајката на современиот тероризам и верски фундаментализам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сакаш ли да појдеме и ние во бавчите на султанот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Русокос е и ноќе влегува во бавчите Да краде јаболка.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еден дел од бавчата одзади куќата некогаш беше бил лозје и дури и денес тука излегуваа лози од старите пенушки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Враќајќи се низ бавчичето скина од патлиџанот и пиперот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На ѕидот кон бавчата виси портрет на свекорот во природна големина, со фес на главата и астраганско џубе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му реков да не ми се врти во бавчата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но ние среќно се довлековме до бавчите крај училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Птиците и другите мали животни, кои секогаш беа гласни кога уживаа во бавчите на Адам, се повлекоа во своите гнезда и легла и му дозволија на дождот да го опсади нивниот рај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последниот нејзин жител – полјакот Аврам, кој што беше страв и трепет за децата што идеа во бавчите да крадат праски умре за време на војната и на негово место не дојде никој.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Куќата имаше долга авлија која водеше кон широка бавча, опкружена со ѕидовите од соседните куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Богатата обоеност на гуштерот не беше како ни едно од оние нешта што раснеа на теренот или во бавчите; поразлична од бојата на тиквите, тиквичките или лејките.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе