бадијала прил.

бадијала (прил.)

Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Толкумина ги имаат оставено коските по планините и сѐ за бадијала.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А денеска ќе чисти за сметка на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му се спиеше, а знаеше дека бадијала му е да се враќа в кревет.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но ете, бадијала им се на овдешните балкони сите шопски и жолти на овој свет кога ја немаат онаа основна карактеристика заради која древниот прачовек го измислил првиот балкон...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ами, разбери се еднаш и не праќај го аскерот да лупа за бадијала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу бргу ги огреало сонце и тој почнал да ора со трактор во Лозарството, а таа да мете во шталите по цел ден, иако тоа од неа никој не го барал, ама бадијала не се седи. Сакале да ѝ платат... во млеко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Патем сакал да утврди случајно патот да не го тепал бадијала.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Друг пат напомни ми, голем ум бадијала ќе ти дадам...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Видиш, - рече Шишман. - Добро оти ти текна. Бадијала ке го расипевме пликот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Па не ѝ беше за бадијала изметот. Што носеше попот од село — сето ѝ го даваше нејзе, преку некаква снаа од втор трет братучед, кај која Анѓа се прибра со братчето кога попот ја напушти нејзината куќа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неоти ти ќе сакаш да го ограбиш свети Горѓија, нито пак тој сака да му служиш бадијала.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И сети се на онаа народната: бадијала работи, бадијала не седи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- И Лиле секој ден одеше и тропаше по фирмите. Бадијала. Уште не се слушнало дека ќе примаат некого - тој веќе е примен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, бадијала зборувам кога никој во куќава не ме слуша.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И го сврти грбот, ама бадијала.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неколку пати се обидов да го убедам да го смениме локалот, чисто за промена, ама бадијала: Лос Анџелес е огромен град на осамени луѓе, а во француската кафетерија Карло сите го познаваат - па зошто тогаш тој би се откажувал од таа удобна позиција на маалска икона?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Едниот го праша другиот: – Велиш ќе си достои кадијата на зборот? – Таман работа еден кадија да кршне – му одговори другиот. – Тогаш не за бадијала ја јадевме горештината летоска.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Нема да биде бадијала. Откако ќе ја подготвам монодрамата, ќе барам средства од Министерството, па макар и пред комисија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе