базар (м.)
Низ целиот свет, во Лондон и во Њујорк, во Африка и во Бразил, во таинствените забранети територии зад границите, на улиците на Париз и на Берлин, по селата низ бескрајните руски степи, по базарите низ Кина и Јапонија - насекаде стоеше истата оваа цврста непобедлива фигура, изобличена од работа и раѓање, аргатувајќи од раѓање до смрт и сепак пеејќи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нејзиното вито, запалено тело кое копнееше по неговите левантски здивови и страсти, и по медитеранските бранови и пени, со топлите ветрови што дуваат на пустините, базарите и топлото море на Блискиот Исток, со еден збор страста со кои Леон силно ја милуваше, ја преплавуваше и во која потоа и самиот длабоко се нурнуваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)