базичен (прид.)
Козјото млеко претставува базичен елемент за опстанокот на жителите на Балканот, вечни жртви на Историјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Редуцирањето на базичните услови оди дотаму, што им се укинува и водата за пиење и за миење, па така цел погон е приморан да полни вода од единствената оставена чешма, која се наоѓа во РЕ Енергана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Една базична работа при моделирањето на менталните активности е да ја разбереме нашата способност да учиме од нашите грешки. 78 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)