бан (м.)
Што помина не сја врштат назад, о девојки, нема краља, нема бана, гиздави, го нема!
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
149. Сите го мразат Волкашина за неговата улога и влијание врз Уроша, но царот му верува, македонските големци: 70 кралеви и банови, според народните песни, му веруваат и му даваат 70.000 војска со нив да умре на Марица за царот и „српското име”. 70.000 души војска од 70 кралеви и банови!
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По правило, бановите беа репрезентативни фигури без некаков авторитет, тие го преставуваа само кралот, а не и народот.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Подоцна ќе имаме време за сѐ да си прикажеме. Од „Кулин бан па сѐ до денешни дни“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Затоа секој што денес носи реј бан наочари за сонце, носи еден иконички знак на дваесетовековната митологија и дел од живата традиција на новата потрошувачка култура. Burbery Секоја есен и во рана пролет луѓето ги облекуваат долгите мантили за дожд, кои се знак за еден неодминлив моден имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)