барем (чест.)
Таков процес нѐ чека и нас, вели, гледај барем ти да се спасиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зошто, бре, не ме погоди в глава? Барем ќе ме спасеше...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Тогаш барем раскажувај ми, - му велам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
А аферите што ми ги припишуваа беа обични чадни скалила по кои се обидуваше моето машко его да се покачи барем малку повисоко над другите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Велат дека речиси секој жител на градот барем еднаш неделно поминува по неколку часа во ладовините на оваа планина.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се обидуваа на разни начини, раскажувајќи му вистински ведри случки од нивниот градски уличен или училиштен живот, по нешто и измислуваа, додаваа, но малку, барем во прво време, можеа да му помогнат на Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Барем писмо и пари може да испрати без знаење на тие двајца монструми што го родиле.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Почна да ме малтретира за да го погледнам и да му кажам барем еден збор.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Гласот му се ширеше по целото Езеро! – Тој барем почина среќен, не го виде твоето заминување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Саркастично, еден од начините на надминување на дискрепанцата помеѓу законски даденото право и фактичкото кршење на тоа право доста често се надминувала или барем се намалувала преку усвојување промени во законската регулатива кои резултираат со намалување на правата на работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Минаа години откако барем една птица прелетала низ големата слепа школка на небото.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се средив во бањата, со надеж дека ако повторно го видам барем нема да се ужасне од мене со бушавата коса и крвта околу горната усна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се надевам дека ја видел барем онаа светлина која сите ја гледаат - на крајот!
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Кој може да каже, барем од нашиве сегашни сознанија, кои се неговите објективни физички параметри, која е неговата вистинска детерминанта: и во физичка и во филозовска смисла?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)