башка (прид.)
Може да се скока и низ времето Ама тоа е сосема поинакво скокање Од скокањето низ меридијаните И за тоа си треба башка седнување и башка сонување Навистина понекогаш доаѓа до испреплетување На скокањето низ просторот и времето
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
А брат ми, ох, тој е башка приказна!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Пресели се кај мене, башка соба ќе ги дадам и седи до кога ќе седиш“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ете, исто страда и Роса, ама нејзе не ѝ здравееше од тој лек. Башка кожа, друга мрша...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ТЕОДОС: Лозјето?... Тоа си е башка работа...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Што баш? - си промрморе Горда. - Секој си е башка будала.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)