баш (чест.)

Ете, досега бегав од неа, а еве гледате и сами, навасав баш на магичниот поглед на кој не можам да одолеам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Баш би сакала да го почувствувам духот на џунглата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А јас баш мислев да те прогласам за ударник.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но за тоа е потребно да се засака сѐ што е македонско! Ама баш сѐ!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Баш затоа сум и дојден кај вас ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Баш би серел врз нив кога би ме оставиле... Тоа ти е состојбата...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие можат еден ден да побараат да им се свири и со главите надолу. Е баш да не им биде. Фала им лепо. Доста е и ова: секоја вечер до сабајле...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А може и ќе ни тргне, баш поради тоа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А и редовните ствари не се баш ефтини: прашак за буви – 100$, глупости за глисти – 90$, шишање и чешлање – 40$, сечење нокти – 20$...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Жалам, другар и другарке. Гозбата е завршена. Ајде кај овците! - им подвикна на кучињата, а тие, не баш настроени, се упатија кон плевната, кон своето стражарско место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни Доста не беше баш чиста за в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Не си ми рекол баш ништо“, царот ја испружи својата тенка рака за да ја допре блескавата хартија и костурот на направата што личеше на птица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Браво, бре, ово је баш делија ... Него шта, не може свака рѓа да буде четник...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Баш ме интересира, – велам – дали овде функционира водоводот? – Не знам – вели. – Оди право кон бифето. Јас по неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Е, баш ја искомплицира работата, мој Братиљубе, - му се подналутив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Оваа ли? - Е, баш таа... - И продолжија двајцата да пеат: Не се чудам, мила моја, мајчице, Што е војска многу, Мила моја мајчице, Што е војска многу!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)