бдее (несв.)
Упорно се бдееше над моите последни чекори.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Стравочудебното село било куп човечки седалки од кал и со сламени или 'ржени покриви, некои од тие куќи дури и без прозорци и бездруго однатре со залостени врати зад кои ноќе над заспаната челад бдеел домаќинот со секира, со вила или со прешилест чекан за кршење камен ослушнувајќи ги шумовите и стрелушејќи се од душите на мртовците и од арамиите или од организираните одметници на распашаните глутници на башибозукот и на аскерот што станал безредие во безредието на пеколот ширум по вилаетот и исто толку по осоговските масиви на кои некогашниот деспот Оливер мислел дека ќе е исто толку вечен колку што е и господ во заблудените срца на луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во целиот тек на книгата бдее закана.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И младата Арапка го дарува со ненаситноста на својата страст и љубоморно бдее над него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И да сониш и да бдееш во тебе пеат и каменот и дождот служејќи му на зрното што зрее на дланката на летото.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Колку дена бдеела врз мене додека сум бил во бунило, додека не се знаело дали ќе останам или ќе си заминам?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Додека седевме чекајќи јагулите да заминат ѕвездите бдееја високо секоја кон својот мрак свртена.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Патуваш по границите рани, странични
на вселената – изведена смисла/свет
а таму душата лебди, бдее
бедеми бедни та раскошни
со плимата плиска
со осеката секне
секавично и ведно
гледаш и мижиш во длабините
и самиот длаб
на етерот бладање, сон на сенката
светилник на помрачението
блаженство во јадот
страст за питие
смрт и заборав
за лага и заблуда
за облик, опиум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но иако строго наменска и поттикната од желбата да се потисне траурното во нас, таа лошо смислена приказна исплива од ноќната река на спомените додека бдеев на прозорецот многу месеци потоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ништо не му е препуштено на случајот. За тоа бдее и будното око на нашата партија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Стариот вагон со будно срце го слушаше дишењето на двете уморни деца, бдееше над нивниот сон и блажено шепотеше: - Јас, јас ними сум им дом! Има ли поубаво од тоа!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јас: Во песната сум Тој: Летнат Вишен Огнодишен: Тој. отаде сонот мој Отаде мојата куќа Отаде светот Отаде сонот мој И некаде Потаму од нив: Уште чека Дур од века Зборот незгаслив. чародеј Во глава ми Лаком змеј: Ноќум бдее Песни пее: Ча ро деј. сам Знам: И во самоста Сакам да сум Сам. мисла Ништо не ме мами Ништо не ме зачудува Во мене гори таа И ме полудува. сликата. песната.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Бдеев пред нејзината куќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го менуваме мелемот на увото од Горица и бдееме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Биди му за пиење на Господа, Првенецот што бдее ноќе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Градов ми беше една огромна спална соба во која бладав бдеејќи крај сонот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
- Како што отец Иларион бдее над душите од своите болни што ги лечи, така и отец Серафим бдее над бочвите во визбата; а во време кога превира виното, тука и спие: да го гледа, да го пази да не истече: со деноноќија седи крај бочвите, им го наштутува нивното шумење, шепотење, вриење на зрната чија што душа преминува од блага - во горчлива.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во занесот го гледам само модриот прстен од левата рака на продавачот, ги слушам магичните зборови и час пропаѓам или се кревам, час бладам или потпевнувам, обидувајќи се, притоа да им посочам на моите на петелот „Чуварот на сонот“ кој се така бдее и пее надвиснат над мене, и ако заклан.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)