бега (несв.)

Бегам од тоа што го видов, ми е страв и да се свртам, назад да се обѕрнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Синко, знаеш ли дека сме во обрач од Германци, да бегаме, трчај колку можеш по коњите...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ѓаволско време, шепотеа луѓето и бегаа под крошните од дрвјата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се наоѓаа среде некој татнеж од кој не се бега.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ете, досега бегав од неа, а еве гледате и сами, навасав баш на магичниот поглед на кој не можам да одолеам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги извлекуваш стапалата од некои диви капини и папрати и не знаеш дали бегаш од некого или бркаш некого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се думам така и гледам низ решетките: ми бегаат некои наретки дрвја и некоја недогледна рамница што се одвртува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Колкав им е крвниот притисок и шеќерот На белосветските хуманитарци Кои на зајакот му велат да бега на ловџијата да пука И кои за своите самозададени мисии Папагалски повторуваат дека се мостови меѓу Исток и Запад?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Та човек од човек да страда и тегне и бега од лулка до гроб!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Да не бега од тебе се што ќе те види, та дури и мечките, волците.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ги извадија од пазувите белите шамии приготвени уште откако се решија да бегаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе се зададат авионите и народот ќе прсне да бега низ шумата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бегавме и со себе ја понесовме и војната која сѐ уште трае.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Набргу во таа негова увиснатост почна да се раѓа и една своеглава непослушност на неговото тело, која не можеше да му помине незабележана ни во нејзиниот зародиш и од која сега можеше сѐ потешко да се бега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како олово да имам на нозете. Колку повеќе се напинам да бегам толку повеќе нозете ми тежат и од место не можам да ги мрднам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И секој во себе мислеше како сега поскоро би прснал да бега одошто да го стори ова што им рече дедо Геро.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бегам и само се обѕрнувам: душа немам да не иде некој по мене и пак да ми го земе детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе