беглербег м.

беглербег (м.)

Ова недвојбено укажување на него како на извршител на злосторот, па Мусли бег, загрижен од одмазда на дворот врз сиот негов сој, се опинаше да го наговори Арслан бега да се откаже од потерата по Владимира Акиноски и да моли, и да измоли заедно, со помош на беглербегот битолски, нивни роднина, што побрзо да му биде даден ветениот имот во Битолско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога дојдоа, кадијата ја соопшти положбата и ги покани да помогнат и тука да се доврши работата, а за да ги убеди дека си стои на зборот, им напиша од своја страна тапија од своите чефлизи во Рувци и Алданци, а беглербегот им напиша повелба, дека им ги подарува сите дванаесет села од Старо Мариово сосе луѓе, за вечни времиња и ги прави мариовски бегови со сите беговски права, поставувајќи им само два услова: да се потурчат и да најдат чаре и начин да се победат бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На Митровден, а може и порано, чекајте не со свршена работа. – Де да видиме што ќе излезе од ова – изусти беглербегот и се согласи со предлогот со аџиите, давајќи му упатства на заповедникот на аскерот да работи смислено, да не ги испушти случајно затворените бунтовници, та да плати со својата глава за нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Значи, овој сефер ние ќе треба да се разделиме на три дела, а ефендијата Расим-беј ќе биде четврт – предложи кадијата и со почит покажа на својот сизерен скопскиот беглербег, па продолжи: – Јас лично ќе поведам еден табур со своите луѓе и луѓето од Бајрам-бег, Сефедин и Мамут-ага.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука беа во прв ред најчестите заемки како: султан, везир, беглербег, паша, падиша, бег и беј, санџак, ага, ајанкајмакам, потоа на листата се надоврзуваа и муслиманските верски лица и исламското право како: муфтија, оџа, имам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
– Тогаш да се зафатиме здраво за работата, како што вели падишахот наш, да му е честит образот – проговори скопскиот беглербег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)