беда ж.
беди несв.

беда (ж.)

Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се израмнил со бедата на градската периферија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мама можеби и не можеше да не ја засече таа рана во мене – јас бев точката во која се среќаваа и се разделуваа сите нејзини болки: предвреме завршените мечтаења и бракот со човекот кој тукушто станал дедо, смртта на вториот син и одгледувањето на своите деца во беда, постојаните преселувања во сѐ помали станови, рибањето на подовите во домовите на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како што се делеше бедата во разни порции, главно исти за мнозинското население, така се делеше и стравот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секоја империја не само на Балканот туку и во светот, својот подем и пад го должеше на сјајот и бедата на трајната јаничарска институција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оваа книга е многу значајна за да се разбере најголемиот подем и падот на Османската Империја, предизвикани од сјајот и бедата на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И со својата постојана грижа за земните работи, со своето внимание кон него, со телото и со душата своја, таа го осветува, оти само преку неа тој е весел во својата тага и имотен во својата беда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Само ќе создаде блокада на умот да не мисли на бедата на сопствениот живот, кој е таков токму од оние кои го бомбардираат со наметнатите медиумски срања.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Никој не знаеше што да му каже, но секое јавување ја зголемуваше неговата беда, зашто неговото љубоморно дивеење веќе стана познато меѓу непоправливите ноќни птици од Мартима, па почнаа да му одговараат со секакви досетки што го наведуваа на страдање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Војна на неколку боси деца. Улица и беда на нив, сѐ до крчмата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кој да влезе тогаш во нашите души, во душите на овие мали, блажени суштества со толку ведрина во изразот, со толкаво сочувство со нашата беда во ова бурно, неизвесно балканско проколнато време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку што земјата запаѓаше во поголема беда, бункерите стануваа поцврсто градени, со поголеми количини квалитетен бетон и челик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Жаклин беше лотка до половина потоната во морето на велеградската беда а јас стоев, ја гледав, ја слушав и чувствував дека полека полудувам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
16. ВОЛОТ ВРЖИ ГО ЗА РОГОВИ, А ЧОВЕКОТ ЗА ЈАЗИК - но вол ортомисан да скротиш и не е никаква беда, а човекот така врзан тебе јазикот ти го плази, небаре ти самиот, беда, во огледало да се гледаш...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Пред некој ден, бев модератор на трибината на тема: „Театарот и притисокот што го трпи од новото време или од материјалната беда“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сјајот и бедата на владеењето, помислив мигум.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немаа време ниту да седнат. Задушувајќи се во солзи, Марија му раскажа за бедата во болницата, за варваризмот на болничарките, за храната која како да е за кучиња, за бескрајните ноќи во кои не можеше да заспие од ужас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој умира од грижа на совест, некој умира во немаштија и беда сотрен од братот на свиок , под стрели зборови, оси рој. Од несовест, неморал и злотовор.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Повеќе