безвреден (прид.)
Нема да примам безвредни хартии за возврат на мојата љубов.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Чуму тој безвреден арч кога по алеите пупките расцутуваат?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Нејзиното приближување ги ослободуваше неговите поданички навики, правејќи ги безвредни претпазливоста и мудроста.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мирисот за земјата од која никна го довлече од туѓина со куп безвредни признаници на своите должници, се врати сиромав како што отиде, стар, болен и преплашен од животот, до крај нејасен за луѓето со кои се сретнуваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Та каков е овој живот, празен и тажен, ладен и безвреден, како празен предмет врз мене лага блуе, се мразам, се презирам, што самата себе си се газам.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Меткајќи се меѓу својата безвредна стока, со долгиот нос и дебели очила и со поднаведнатите раменици под сомотскиот жакет, тој секогаш оставаше впечаток како да е повеќе собирач, отколку трговец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше некаква судбинска големина во тој човек облечен во едноставната униформа на градскиот превоз, кој секоја вечер можеше да направи безвредни илјадници човекови денови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вљубениот е безвреден предмет, секогаш во туѓ посед.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Само некои остануваат трагајќи по минатото што ја конструира иднината, на стара безвредна читанка, без цензура... Се пронајде ли?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во излогот имаше чинии со завртки и навртки, изабени длета, ножиња со искршени сечила, излижани часовници кои дури не ни претендираа дека се исправни и друго безвредно ѓубре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Виде гола празнина без прегради со едно дно и безвредни хартии на тоа дно и не поверува.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На ова се надоврзува и неговиот пристап кон монтажата: педантно чување на неуспешни, безвредни сегменти од филмот, од една страна како сочувување на автентичноста (кај Ворхол нема лоши кадри или лоши актери: „Обичните луѓе се феноменални... снимајќи ги, не можете да направите лош филм“), и од друга, како мета на специфичниот фалш
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но жената пееше толку мелодично, што го претвораше безвредното ѓубре во речиси пријатна музика.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе ја остават, гола и уништена, да лежи и да размислува зошто била така безвредно оставена.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Минатото, иднината, тоа се безвредни измислици; израз на наклонетоста на човекот кон броење, кон раслојувања, кон расчленување на целината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Решија веднаш да дадат прилози за него, но успеаја да соберат сосема незначителна сума, зашто чиновниците без тоа веќе се беа истрошиле вложувајќи за портретот на директорот и претплатувајќи се за некоја книга, што им ја предложил началникот на одделението, кој му бил пријател на авторот, и така, сумата излезе сосема безвредна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Текст - тоа е игра, слобода, концепт, вештина, дух, а не раскажување што му се случило на овчарчето Климе (структура: ред ресентиман -плач, детство, ред наци романтизам, ред “лирски пејсажи” дегутантни барем двесте години, ред политиканство, ред безвредно недуховити алегории што кобајаги се критика, и на крајот ред поуки и морални заклучоци).
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И денес се лутам затоа што на шефот не му побарав отказ пред да бидам принуден да му го побарам; што неговите безвредни предмети не му ги фрлив пред нозе пред да бидам речиси принуден да му ги фрлам: зашто, еден ден мојата стопанка ми внесе во канцеларијата некој човек со мрачен поглед кој ми се претстави како продавач на лозови и изјави дека сум сопственик на сума од 50 000 германски марки ако сум тој и тој и ако имам некој си лоз.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Токму така: во тој миг, додека траеше доскокот, таа неочекувано ме прегрна околу вратот и одеднаш, дури, ни се допреа образите; веќе следниот миг таа ја сврте главата кон мене и погледите ни се судрија; се гледавме, нејзиното лице беше на една педа од моето; ѝ ги гледав носниците како ѝ се шират забрзано, како кај уморно коњче: и го чувствував здивот; таа гледаше во мене како да е понижена, како повторно да сака да каже: „Доби шанса, нели?“, како да е поразена, како од бес и самата да прави една безвредна блискост (тоа гушнување со рацете околу мојот врат), како да сака да каже дека блискоста ја дава таа, а не јас; дишеше забрзано, со јазикот ја квасеше долната, сува усна и одеднаш ми рече: „Слегов, можеш да ме пуштиш“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)