безгласно (прил.)
Синиот пајак со златна глава безгласно се кикотеше под мојата кошула.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Лежеше со набрекнати жили и беше нем; усните безгласно му мрдаа и натекуваа како под нив да играа глувчиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Војниците безгласно го примија, нивен е ороводец, и му се тргаа од пат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Слушајќи го раскажувањето на Вера чувствував дека и јас безгласно плачам со горчливи солзи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сите што сме собрани тука имаме по еден Патрокло потопен во конечната осама, што безгласно тежи по сонцето, под кое би надничел деноноќно само повторно да го проучува допирот на зракот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Усните безгласно му шепотат милосни зборови, за кои ни самиот не знаеше дека ги таи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Косот сепак ја разбрал и пркнал безгласно кон куп танкостебли дрвја; во окото му се топело грутче сончево злато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ти Воин зол со молњи во белките што негде под срцето на оваа црна страдница добрината ја закопа, на овој брег што својот молк го посади а крик израсте; Ќе извикам безгласно ако е вик молчењето Воинот загина, тој злочест Воин, Житијата само останаа….
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Трагичното се состои во прилогот
што го пружаме лично и свесно
кон несреќата, наша и на другите
особено љубените
Господине, но
смртта има своја предисторија
и може да се посматра во развој:
рано во детството се огласува
во лажните утехи за починот на блиските
во ветувањето дека се отсутни само привремено
и дека ќе се вратат
- тогаш зборот враќање
ги почнува своите преобразби -
во криењето, небаре од урок
на ожолтениот портрет на покојникот
оти и памтењето е враќање
безгласно како самрак;
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Неизбричен, начичкан со сиви, остри игли, тој гледа само со белките на очите во моите боси нозе и безгласно ја отвора големата уста. Небаре е нем.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но јас онемував и безгласно повторував со крвави усни - таа е нема, таа е нема, таа е нема. Крв сегде, крв во мозокот!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го наслушна шумот во грмушките отаде потокот, ја отвори устата. тоа беше безгласно смеење на човек што не знае да заплаче, туку, сеедно, и на друг начин го покажува својот јад.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога ќе дојде време, ќе те одврзат двајцава никаквеци, безгласно рече пајакот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се развесели. „Ме сметате за опасен лудак а не знаете што станува околу вас?“ „Што станува?“ го прашаа стискајќи го меѓу себе и кикотејќи се безгласно, само со тешките раменици на кои можеа да ја држат земјината кугла.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа го почувствува и Ивона и брзо реагираше штом од устата на Рада слушна речиси безгласно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Те слушнав, безгласно му одговори утот. Како ќе зборуваме – немтуречки?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Калуѓерски долгиот врат на недоопијанетиот Лазар Аргиров се танчел. Усните безгласно му се движеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веднаш под неговиот прозорец, како некоја уште неприбрана, заборавена сенка на таа ноќ, седеше еден голем парталав волк и гласно го голташе крвавиот снег од местото каде што беше синошната борба, само понекогаш покренувајќи си ја својата шилеста муцка и завивајќи безгласно кон полускриената месечина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)