безличен (прид.)
И покрај тие нешта, кои требаше да му дадат на тој нов простор идентитет на човечка населба, тој претставуваше безличен геометриски свет.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во тој луфт, тој циркуски неон
и сега не се познава каде е
мојот живот, мојата скриена фалинка
не сум крив јас
виновни се оние кои веруваа
полесно ми беше да бидам неограничен
во слободата да грешам, одошто да сакам
ја имав секоја имајќи ја безличната
жена, не груба, не глупа, не грда
напросто ефемерна
бришаниот простор ме плаши, не празниот
ѕвездената прашинка која светка под папокот
на мојата скокотлива куртизана, судбината
мојот детски инат, залудното препознавање
во сѐ што не сум јас
зар не сум доволно смртен
за да бидам и жив, и со себеси соочен
зар јас ќе го напуштам светот
не тој мене, мила моја!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сега, патувам со авион, кога ќе ме поканат на некој симпозиум, спијам по хотелски соби, кои во сеќавањето се рециклираат во една безлична соба со божемен уметнички акварел.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ќе биде тешко да ме запаметиш, во овој безличен ден, со датум пречкртан од катадневието.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
И без неа ќе противречи
на сѐ нечисто и безлично.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Значи: душата на животното е безлична и никакво духовно својство и усовршување не му е потребно; со умирање на телото - умира и таа со него.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сеедно е. Непроѕирното око од сред каменот безосетно го набљудува – мравка, неважна честичка во безличноста на Времето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ако ликот е безличен, можеби тоа е затоа што и авторот не се чувствува сосема добро - некој му го допира лицето, но прстите, тие долги ковчести и груби прсти на стварноста, пропаѓаат во меката кожа, која како глина го поприма нивниот облик.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Беше тука повеќе од дваесетина дена, иако не беше во состојба да ги преброи точно сите оние безлични денови на чекањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се добива „апсолутна идеја“ на логичките категории, којашто е безлична и многулична, никогаш не мирува и чијашто природа е „вечно да се движи.“
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Едната страна на лицето му потемнуваше. Устата му беше натечена во безлична маса, со боја на цреша и со темна дупка во средината.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не само сакањето на една личност, туку сакањето на животинскиот инстинкт, на простата безлична желба: тоа е силата што ќе ја растргне Партијата на парчиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со голема концентрација, мил мој безличен пријателу.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Отворениот театар сега беше студен, далечен и безличен каков што беше сообраќајот на булеварот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Беше измаглица во маглата на темнината, и ова место беше ничие место, и овде воопшто немаше ни година ниту час, само овие луѓе во безличната празнотија на ненадејниот мраз, бура, и бела грмотевица што се движеше зад големиот стрмен панел од зелено стакло — секавицата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во расказите, како и во романите, Џојс го опишува неговиот роден град Даблин од мошне необична перспектива: како непристрасен, невидлив и безличен наратор, а во исто време страсно, живописно и изнијансирано, со искосен, замрачен и меланхоличен поглед, свидетелски и дистанциран истовремено...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тргна кон мене, преку таа нестабилна трамболина од отпадоци, како и било кој турист цупкајќи* преку синтетскиот тепих во некаков безличен хотел.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Ликовите ти се безлични. Сѐ се тоа интелектуални конструкции, без грам живот“, безмилосно дијагностицираше шанкерот, инаку професор по книжевност.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Дебелото стакло на очилата, дискретниот лосион за бричење, безличната насмевка.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Парадоксално, безличен е токму затоа што во себе го впива секој лик кој ќе му се испречи на патот, и кој на тој начин дрско му се вмешува во неговото дело: го вшмукува секој здив на децата, кучињата скитници и пирошките со сирење во Луна паркот; во замислениот нотес го регистрира секој телесен гест кој укажува на наклоност помеѓу двајца - погледите разменети на соседната маса, подолги од оние кои вообичаено се фрлаат на соговорникот колку да се увериме дека е уште тука, благиот допир со раката по нечиј грб, кој треба да внесе малку утеха во чинот на разделбата, и да влее повеќе сигурност во шансите за следна средба; се обидува да го толкува и најбесмисленото дрдорење на водителот на утринската програма и со внимание да ги следи соопштенијата за безбедноста на патот; во себе собира сѐ, како фрижидер за длабоко, како количка на старо купувам, како црна јама...во сето тоа барајќи некаков заплет, некаква приказна, некаква смисла.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)