безнадежен прид.

безнадежен (прид.)

В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Од каде о каде доаѓаш позната незаборавна песно ти дете безнадежно ти наивно стрело од тревите и птицо на калта сува и бескрајна врвицо низ дождот врвицо сребрена игрива камењарко каде ме водиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во исто време некаде стивнувала рапава песна на гладен и безнадежен гавран.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакам да ти подадам грст среќа да се мултиплицира во твоето големо срце. Безнадежно...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не можејќи ништо да кажат, разгледаа наоколу и кога не видоа никого, помирено, полека, го продолжија патот пред војниците. Се движеа малдисано и безнадежно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби тоа и не беше одлука туку страв помешан со очај, очај со безнадежност, безнадежност со нејасно чувство на срам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак ги влечеле колилата оставајќи зад себе меки лепешки и издржувајќи ги животинските патила; луѓето ги хранеле со силата на својата тврдоглавост и со безнадежноста на иднината од која не можела да прожугне ни дива чекутина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
О изечена безнадежност или нашепната само доба на ветрот тој злочест Воин од Житијата што доаѓа да го опседне нашето спокојство и да ги разбуди сите сенки на плачот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се искачи на највисоката точка на центарот и безнадежно разгледуваше. Ништо не виде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи јас бев на почетокот на обидот, можете да замислите колку бев осамен и очаен заглибен во многуноќна глувотија, загубеност и безнадежност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И повторно се надвишуваа со семејството, со тоа кајче на спасот, во океанот на безнадежноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ни безнадежноста не може да ја отклони љубовта од видлива пројава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А беше безнадежен случај, што се вели, ко слепо куче оставено да пцовиса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Понекогаш се чувствувам како безнадежна старица која останала сама и секој миг чека да умре.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И кога таа, сосем скапната, безнадежно ги склопи крилјата, простувајќи се со животот, тажна дека не ќе може да го види своето родно гнездо и да ја сети пролетната радост на децата, одеднаш забележа на темната плоча од морето некаква светла точка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но беа обична имитација на неговиот поранешен стил и чудно безживотни и неубедливи преџвакувања на стари теми - за жителите на бедните делови од градот, за изгладнети деца, за улични борби, за капиталисти во цилиндри - изгледа дека дури и на барикадите капиталистите ги задржувале цилиндрите на главите - еден бескраен, безнадежен напор за враќање во минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со векови таа го чекаше да се покаже зоографот а кога сфати дека тој е безнадежно отпатувал таа само ја допре неговата четка обесена на ѕидот и некаде пладнето крај неа оживеа русокосо момче со пеги на лицето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Кутрото старче трчаше безнадежно по својата шапка, а злобниот Димче се смееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кутрото старче трчаше безнадежно по својата шапка, а злобниот Димче се смееше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Старата мечка го продолжила својот писок, безнадежен и проклет, човекот сега речиси можел да ги види и нејзините солзи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе