безначаен прид.

безначаен (прид.)

Туѓа ми е љубовта небесна, ја чувствувам како своја тагата и омразата што ме опила и на дното од чашата како последна капка најпрефинето вино чека да се стопи на усните на некој безначаен лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со молскавици се мерат и векови и малечките божем безначајни умирања и божем невидливи трепети на светулките.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тешко ми беше, но својата вина ја признав дури десетина години подоцна, кога веќе не дозволував да бидам тепан и кога на случката можеше да се гледа само како на еден безначаен, смешен настан од детството.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Служењето војска во животот на Едо Бранов ќе беше безначајна и заборавена епизода ако тој таму не се здобиеше со една рана и со еден мелем.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Требаше да помине време, да се случат повеќе неочекувани па дури и необични настани, па да сфатам или поточно да помислам дека сум сфатила оти не станува збор за безначаен заплет.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа утро, кога првпат разговаравме за трагите што никогаш не можеш да ги забележиш овде, под Сина Скала, надвор врнеше дожд, јас не отидов на училиште, а денот беше сосема беззначаен бидејќи сиот беше собран во една парталава сива облека; потсетуваше на изнемоштен изѕемнат бедник; стоеше под стреата и тоа пред самиот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понатаму, мала, но сепак не безначајна промена која оди во прилог на работодавците, а која вреди да се спомне е измената на рокот во кој работодавецот е должен да го одјави работникот на кој му престанал работниот однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Треба да се знае дека едно значајно лице неодамна станало значајно лице, а пред тоа било безначајно лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеш и млад слон да сместиш во оваа празнотија. „Колку можете да добиете утре за него?“ ги праша и сфати дека понекогаш и боговите клекнуваат пред упорноста на безначајните верници а можеа да бидат богови само затоа што ги сакаа необичностите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден шизифреничар ми објасни една варијанта на оваа техника на мешање на важни работи со мноштво безначајни глупости.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мислиш, лицето им е само еден безначаен дел од униформата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа е кеседарот во нашата куќа. На секој први во месецот, како ќе ја земам платата, така дома до динар ѝ ја давам. Не сметајќи на некои безначајни црни фондови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А на едно друго место едни безначајни, долни човечиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако земаат само некои безначајности. Како на пример преостанатото мастило од перото со кое Достоевски ги напиша последните зборови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И гледајте, но не низ диоптријата на еден илузивен ум, погледнете подлабоко, поминете низ темниот тунел и во првиот зрак светлина пронајдете ја својата духовност, а фацијалниот израз е безначаен, минорен, обезбоен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа уметност не е ништо друго освен агресивен провинциски конзервативизам кој беше релативно безначаен, сѐ додека не најде силна политичка база.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пријателе те молам одобри ми ја желбата да ти раскажам за еден настан, навидум толку безначаен и сепак за мене заради нешто необичен, да не речам голем и незаборавен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Постојат случаи за кои најлошата работа на светот е нешто сосем безначајно, нешто што дури не е ни смртоносно.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И секогаш на крајот останував разочарана. Сѐ само некои беззначајни отпадоци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе