безобѕирен (прид.)
Ти безобзирна сило што дивееш во височините што врзуваш облаци и одврзуваш јазли Порасни!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Словенска антитеза
Дали ветер се дигна над морето под небото
дали птиците се вратија и топлите времиња
дали јазикот се поднови и смислата
или миговните богови збор зедоа и загинаа
та преметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината ги размножија
и душата ми ја изнесоа на отворено
како разговор во акропол
да не смее да биде сама
а да сака?!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Потоа јас бев безобзирна и му напишав многу лоши работи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ни ветер се дигна над морето под небото
ни птиците се вратија, ни топлите времиња
ни јазикот се поднови, ни смислата
ни миговните богови збор зедоа ни загинаа
- предметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината да ги размножат
и душата да ми ја изнесат на видело
како разговор во акропол
та да не смее да биде сама
а да сака,
Но
мислата ми се воздигна
кога Го видов!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Предај се со отсутност на духот, биди врелина. Ќе бидеме безобѕирни спрема соседите.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Џемал-ага е човек практичен. Жесток и безобѕирен кон слабите, со силните е чудно снаодлив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пречувствуваше, знаеше дека војникот е безобѕирен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Безобзирно, дрско во крвта заронува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Но, во неа има безобѕирен радикализам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И покрај грдите зборови на Јана неговата Катерина како да не беше вознемирена. – Само напати ми се чини дека Јана е прилично безобѕирна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)