белее несв.

белее (несв.)

Беше тиха јулска ноќ, од небото грееше полна месечина, а јадрите праски примамливо се белееја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Овде-онде се белееја сливите во цут, но најголемиот број сливарници и овоштарници беа под вода.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Чист, измиен мермерот се белееше на сонцето, а сликата на мајка ми уште појасно испакнуваше на него.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Реката мрзливо ползеше крај колибите. Таа непрекинато се влечеше и се провираше низ камењата, коишто одвај се белееја и ѕиркаа во темната ноќ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МЛАДИЧОТ: Дури сега почна да белее и да личи на мугра.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Низ тревата ѕиркаа темјанушки, се белееја малите главички на боливачот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Почнаа да бараат камења. Откорнаа неколку што белееја низ лединката.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Попатната панорама беше многу интересна, иако насекаде се белееше само снег, снег и снег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По брегот се белееја коски од распаднати риби околу кои птиците водеа борба и се клувкаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе погледнеш од другата страна, откај Илинска Планина, селцето се белее и личи на бела грутка снег.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Овде-онде, се белееја како бели чадорчиња мали печурки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ИСТОЧЕН Берлин. Снежен февруарски ден го белее градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дали се белеат веќе во мојот примижан поглед врвовите на Шара или трињето по снегот трепери по полошките нивје.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Де нешто ти се белее, де нешто зацрнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се белееше по некоја овошка, но не беше тоа некоја богата глетка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но тоа не е сенка од дим, туку сенка од јато бели галеби што прелетуваат над дреите, што се белеат на песочето крај езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дрвчињата беа расцутени и на нив како снег се белееја пупките цут.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе