бележан (прид.)
Со штитови бележани со цртеж на сонце, долги копја спуштени шлемови, ќе јурне напред коњаницата создавајќи силен ветар!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
— Ние сме бележани, ми вели тој што им е ко шеф.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќути што ја бараат, инаку остана ни таму ни ваму, бележана.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Беше еден огромен самјак, еден таков, за кој долго се прикажува, замина нагоре, решен да му ја вади душата уште со едно прогонување, а можеше да биде задоволен со тоа, што сега не ќе може да му ја измеша дирата со некоја друга дира, што ќе ја сретне, затоа што тој беше бележан, и тоа добро бележан, како што се чинеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Како по некое непишано правило, времето и злата судбина одвреме навреме ќе се сретнат на некое однапред бележано место.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)