белешка ж.

белешка (ж.)

Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се сетив на мудроста за која и не знаев на кого му припаѓа иако ја имав веќе забележано во моите белешки. Тоа што го прави нечистивиот не прави го и ти!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаше доволно време да прелиста уште некоја книга, ги подготви белешките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заштитени сме само од дожд, а ветерот од кај сака може да влезе, пишувам во белешката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го слушам и правам белешки што се вели на лице место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Овој сега е во состојба да ти рече сѐ, а јас го знам и како човек, што знае да биде и молчелив како земја,особено кога ќе појдиш кај него по белешка за исплаќање на твоите трудоденови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Цветан Горски, откако си ги потсреди своите белешки, рече: - Ви благодарам што ме поканивте на оваа значајна средба за иднината на нашиот крај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Истиот ден испратив белешка до Министерството за надворешни работи на РМ со предлог проф. д-р Владислав Барчиковски, со предлог од страна на Сојузот на борците од НОБ да биде поканет во Република Македонија со цел да се сретне со своите македонски пациенти. Одговор не добив ниту од Министерството, ниту од Сојузот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ние ги објавуваме белешките водени за време на нивното искуство - и последиците од него
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Библиографска белешка на Националната библиотека на Франција – Париз Романот Времето на козите на Луан Старова е организиран околу чудесната и силна слика на еден град окупиран од кози!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Читателот ќе забележи дека болдираниот текст во „приказната“ упатува на белешка кон крајот на текстот – коишто ги има околу 160 во целата книга и каде што е разработен и објаснет споменатиот правен институт, се разбира онолку колку што тоа го дозволува расположливиот простор и колку што оценивме дека е доволно за ваков тип истражување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Климент Камилски, по обичај, не доцнеше, носејќи го неизоставно своето жолто куферче, преполно со книги, ракописи и белешки како своја мала прирачна библиотека, во која ги менуваше книгите според новиот збор што требаше да се третира.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ми раскажува мене, во тајност, божем не знае дека 3 минути не можам тајна да сочувам, а јас фаќам белешки од нејзиното раскажување и едвај чекам да испијам едно кафе со сонувачот, кој веќе глава на перница нема да стави без неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во тие белешки беше сѐ верно и тој не можеше на никого да му замерува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Клучот на оваа деконтекстуализација и самото одредување на редимејд-от вешто се објаснети со стегнатата инверзија со која Дишан ги довршил овие белешки: „Реципрочен редимејд: Да се користи Рембрант како даска за пеглање“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе