беспаќе (ср.)
Минуваш по ова беспаќе стокмен од моите соништа а сепак и жив и ведар.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Поетскиот хуманизам (а тоа е чинам вистинскиот збор за она што ја покренува и усвитува прозата на Чинго) во името на кого авторот толку дискретно и толку ненаметливо прозборува за човечките судбини на својата избраздена пасквелска земја е само еден од видовите на растреперениот и честопати трауматизиран сензибилитет на модерниот човек пред сето она што таа иста современост во својот незапирен победнички настап го донесува како перспектива и ослободување но и како страв од нови опасности и беспаќа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Јас не постапував така и гледаш каде втасав. На планинските беспаќа!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зарем немав право? Ако не постоеше тој црн знак верувам дека немаше да бидат спомнати планинските беспаќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
2 Темни и молчаливи, не само со секири или вили туку некои и со пушки скриени под колите и некои со кубури и јатагани во длабоките појаси, тие дваесет и осуммина продолжиле по покопот да ги влечат чкртавите двоколки по никакви патишта, оние по кои можеле да минат незабележени, и по беспаќа на кои сенките се кинеле со тајна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не раѓајте се вие проклети мисли Што ќе убиете мртво тело Штотуку се отвори цветот На нашата љубов и гром одеднаш се сруши во нашето беспаќе...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Ја исполнува ливадата и шумата и по други беспаќа дотекуваат нови бранови жени и мажи натоварени само со тоа што во последен миг успеаја да дигнат од дома и тераат пред себе стока.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нејзините чатални траги – секоја ќе те одведе во друго беспаќе, А ние сеедно се веднеме белки ќе ги откриеме патеките на нејзините бегства.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Откри нешто, што те исуши откорен; откри нешто, што помина низ целиот тебе како рофја, те изгоре и те остави да се меткаш со денови по шумата, по беспаќата, а деновите ти беа сосема црни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Или пак имаше намера да ми ја наметнеш дилемата каде да ја барам вистината: во твојот изминат живот, или во онаа неочекувана тажаленка во врска со планинските беспаќа, понудувајќи ми ја токму во еден таков необичен вид прекрасната можност но и одговорност самиот да избирам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се извиши во ноќта како проклетство, како некоја негова глад, како тагување заради таа прогонетост, таа осаменост, беше една потиснатост, во која остануваше секогаш на дното, ја поднесуваше без секакво дробење, а сега си ја викна таа своја безизлез, тоа свое беспаќе пред уште едно стемнување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Биени од небо и земја, прескокнувајќи ги телата на убиените и ранетите, подуените мрши на мртвите говеда чии црева беа растурени на патот и ливадите и постојано придружувани од тоа ужасно викање – бегајте – ги врвевме беспаќата кои водеа кон границата со Албанија.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И чувствувала дека некогаш изгубениот детски рај ќе ѝ го врати нејзината избрана ќерка Ервехе, тоа сирото цветче од градините на балканските беспаќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Произлегува дека планинските беспаќа се некакви последици или резултат на твоите необмислени постапки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А тие денови беа денови отпрвин на згроменост, а потоа и на беспаќе, на неспособност да се одговори умно ни на едно прашање.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И беспаќа, проколнати места на кои ни дивината не остава трага.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)