бесшумно прид.
бесшумен прид.

бесшумно (прид.)

Сенки на некои луѓе се исправија на местото од каде што дојде пукотот и бесшумно се изгубија некаде натаму.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекори лесно, исправена, стројна, бесшумно се доближува до неа со тивок, лесен, рамномерен достоинствен чекор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Некогаш доцна можеше да види и едно бесшумно приближување на уште еден тих волк.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И нозете веќе го носат скоро бешумно по сокачето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Да мижам значи сета слобода на гледањето да ја препуштам на моите прсти таму кајшто душата се сместува бесшумно, како во име и излегува надвор да допре и да ја допрат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стана полека од столот и тргна кон нив бесшумно преку дебелиот килим.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мрмореше таа со машки глас и секој нејзин збор бесшумно ми одѕвонуваше во главата. Сфатив која е мојата улога.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иако Рози чувствуваше голема огорченост при претпоставката дека тоа може да е шега на Френк, поради што му се лутеше, сега, соочувајќи се со вистинска змија, невидлива и која бесшумно и злокобно, се движи тука наоколу, таа од сѐ срце посака тоа да било шега.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Влезе еднаш во неговата врата, онаков русокос, извишен, сиот еден ластер, влезе сосема бесшумно и со една попуста желба никому да не му падне в очи, бидејќи имаше една таква ѕвезда, крај која не можеше да се помине, а да не се забележи, бидејќи сите се свртуваа по него, нешто ги принудуваше да се свртат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа соба на човечки немири, во тоа катче со две лоши слики на ѕидот, со маса, стол, кревет, челична каса и неколку стари и мешлести кофери, лазеа по подот проѕирни сеништа, чеда на еден страв и еден кошмарен сон, лазеа вешто и бесшумно и ја чекаа својата жртва, Стојана Ванков, тој несигурен кораб без свој пристан.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Играа џентлменски, на симболичен влог: динарче за гравче. Играа речиси бесшумно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не знам колку време помина кога повторно нечујно се отвори вратата на ќелијата и од неа бесшумно се извлече Рибоокиот и се спушти прудолу, барајќи ме со погледот во одајата со игуменот и пријателите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Одеше со чувство дека му гази в петици на она ѕвере, што поминало тука не водејќи сметка за него; беше лесно да се чекори по тој широк пат, беше одморен чекорејќи по него, а кога навлезе подлабоко меѓу дебелите стебла под снежната сеница на крошните од дрвјата, тој можеше бесшумно да се покажува во секоја од идните долки, што му го сечеа патот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На попот и на коларот, и на некои кои останаа тука, им се стори како брзокрил ангел да пролета, како молња која бесшумно се одалечила од гробишата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој миг Големата вода личи на некој огромен разбој што полека, бесшумно, чудесно ткае.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе