бидува несв.

бидува (несв.)

Крвта вода не бидува. И нејзе и тебе ти е татко...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не знам што точно но има нешто што може да се стори преку реките лесно и непречено да се минува зашто само така, потоа, животот ќе го стори своето, заклучив бидувајќи целиот обземен од сината светлина во која белата ја снема за заборавање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Значи острото око подразбира правилно поставена- точна – прецепција, вистинска согледба на нештата, точно во тој момент- без тоа не бидува ништо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Молчеше смешкајќи се и бараше сили во себе да најде начин да рече дека само тоа не бидува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На втори петли едно залче леб каснала - не бидувало на гладно срце јајца да се вапсаат - па ја распретала пепелта, боринче клала врз жарчињата, огнот да пламне под котлето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А од загорено млеко не бидува добра бела боја, велат сликарите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но Грдан не знаеше ни да игра ни да свири - во играњето никогаш не го погодуваше вистинскиот чекор, па само го газеше својот партнер; а во свирењето не го бидуваше за тапанар, иако тапанот лежеше пред него и требаше само да го допреш со некое од двете стапчиња па да издаде громок звук, ама навреме.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не бидува очи в очи да се погледнат - пред родителите и стројниците да се дозборат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто-зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Притоа одредуваа еден од делениците, тоа најчесто бидуваше најмладиот од браќата, кој да биде непосветен од Организацијата и кој да се грижи за доброто на сиот сој.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Насон сѐ има... сѐ бидува... и длабоки води да прегазиш и под божилакот да поминеш... да ти се исполнат сите желби - искрени во душиве заискрени...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Е, бидејќи капитализам без богати не бидува, и кога тоа го намирисаа лакомите и арамиите, се сјатија и ја соголија земјата, па, чиниш, сиромаштијата брезничка како лишај се рашири по целата земја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Баба Добрица со Добрета ме крепеа да се довлечкам до гробиштана... леунка до четириесет дена не бидувало од куќи да излезе - ама душава не ми додржала.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Треба со него да се означи театарскиот простор, па после нека се осмели некој да каже дека не нѐ бидувало за театар.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А мене ме фаќа неспокојство, дотука бидува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе