бизнис (м.)
Градот е брз, градот е хаос полн со урбани легенди лажни јадни безделници што дремат на кафе во полни кафеани со душите гладни Рурални фаци со вратоврски во трка по бизнис и зделки матни циганчиња боси навлечени на лепак дрпаат случајни минувачи и странци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
А не можам да бидам таму зашто ме измори сиот тој бизнис со умирањето.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Кај нас во Мелбурн, вели, првин бизнисот. Бизнисот и фамилијата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Баба ми се согласи и се договоривме заработувачката да ја делиме на половина, а во бизнисот да го вклучиме и дедо Борис, кој ќе ги наплатува влезниците.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И почнуваш бизнис во кој ти треба само благајник за броење пари и некој роднина кој е вишок како технолог на завод и има платено телефонска сметка, па само ти закажува средби со несреќните, а нив ги има - ехехеееј!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тие се всушност ментални проститутки кои својот ум го продаваат на такозваната бизнис елита, а најчесто и за грст евриња како Енџиоа својот анус го нудат на Западот притоа шиткајќи све што е локално и од историска вредност.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ова не е ханкиманки бизнис како што правите вие тука.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Јас отидов да го побарам Едо. Стар пријател, мани бизнисот туку и затвор заедно имавме лежено, а поголемо пријателство од затворското нема, како да не го побарам!
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И не ти треба диплома за бизнис менаџер за да си направиш план за инвестицијата, плус-минус бројот на свадби во годината, еднакво на профит.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Бланш, изолирана од просторот каде што беа сместени таблите со концентрични кругови, џубоксот, машините за играње со топчиња и автоматот за цигари - можеше да служи оброци по поволна цена и едновремено да води и профитабилен бизнис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Доколку сакаат да аплицираат за заеднички кредит за кола, стан или семеен бизнис, хомосексуалните парови не ги исполнуваат условите - што на хетеросексуалците им е дозволено... ај да не се повторувам.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Додека цел ден трчаш по пари жена ти на друг кафиња вари твоите денови станаа лоши твоите евра друг ќе ги троши Евро по евро, злато и сребро во трката по нив попушти нервно изгуби здравје за банкноти пусти бизнисот пропадна, тркало се сврти Јас со вера, а ти без евра падна доле, а јас се кренав судбина тера на разна роља животот тркало, а парата дроља
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Да, реков јас, им е криво. Бат, тоа не може така, вели тој, економи ис економи, бизнис е бизнис!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Браќата беа друга приказна - тие беа постари, пет мажи во фамилијата кои од многу рано се бореа за сопствената егзистенција и му помагаа на татка си да го развива бизнисот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Имено, во име на апстрактната „флексибилност на пазарот“ реално се жртвувани животите и благосостојбата на илјадници живи луѓе – па нашиот сон за бизнис рај, се претвори во работнички пекол!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. Зад оваа опскурна изјава која сугерира успех, за кој владата очекува да биде пофалена, се крие опачината на градењето бизнис рај, се крие грдата стварност на намалувањето на работничките права, на руинирањето на многу човечки судбини.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Биснис е бизнис, имаше обичај да каже, една максима од неговата филозофија на живот, прифатена во Мелбурн.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Жали што ќе се загуби и духовно ќе осиромаши „во прериите на бизнисот”, губејќи ги своите шанси заслужено да заземе трајно место во тековите на европската духовна авангарда каде што имаше што да каже, можеби како Балканците Емил Сјоран, Јонеско и други.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)