биро (ср.)

Тајната не беше во преместувањето на компјутерот или работната столица, тајната немаше да биде ниту во промената на работното биро, доколку тоа се случеше, а немаше да биде ниту во промената на работната просторија, па дури ни во комплетната промена на работното место.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Снимателот немаше доверба во својот асистент да му ги даде инструментите што си ги задржа на вратот како амајлија, иако во штабната барака не го очекуваше некоја неизвесна судбина освен да пие ладно кафе, да трга цигара по цигара и одвај да чека да му понудат од шишето што се криеше во бирото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие од второто биро се распрашуваа кој го рекол тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие прецизно одредени и забележани обврски поетот ги фрла во кошничката за ѓубре што се наоѓа под неговото биро.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како не ми текна порано дека можеби е тоа, дека можеби паднало во мојата ногавица од нејзиното работно биро.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сега, само да ја подотворам средната фијока од моето биро, веднаш ќе ви падне в очи иста таква шупелка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На забелешката од Геро дека требало да се јави во штабот, овој одмавна со ножот во раката дека тие во штабот веќе не мислат на него и доцедуваат некое од шишињата скриени по бироата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За да постои барем малку вистина во ова што го застапуваш потребни е да се сомневаш во пријателите и пријателките, во познатите и непознатите, во државните служби, во твоите комшии – Иследникот се подаде преку бирото кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие два цртежа ги сметна тој од ѕидот, утрото пред самото отворање на изложбата, ене ги стојат уште на бирото во изложбената канцеларија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот во сив костим и бела кошула, оној кој и во мое присуство прилично долго се дошепнуваше со Вртанов, најпосле ја собра папката од бирото, му се заблагодари за услужноста и помошта, а потоа, поминувајќи покрај моите нозе качени на бирото, го задржа за момент својот студен и безизразен поглед на мојата дребнавост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се покажувам и јас во собата и шетам со очите: на една кожна фотелја седи русокос мајор, на бирото полковник, а онака, настрана, уште еден мајор со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Касетофонот те ослободува од страницата. Те ослободува од бирото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ема беше потпрена на бирото со двете раце; речиси целата тежина од горниот дел на телото ѝ паѓаше на дланките.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И понатаму Грофот ја користеше тупаницата и бирото. – Со оној твој исказ алудираше значи на тоа: дека постои заговор или манипулации во врска со твојата личност. И вистински мислиш дека е така?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не треба некој да ме уверува дека тоа не се одгласите на стравот, бидејќи знаев дека цепутката што го начнала лакот на бирото нема да запре каде што се наоѓа во овој момент.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Брзината е сосема пристојна, сѐ додека не ѝ заѕвони телефонот на бирото. – Ало? – се слуша нејзиниот необично гласен сопран.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се покажа, вели, дека овие организации биле агентури на Озна и на Второто биро на југословенската армија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе