бисерен (прид.)
Таа слатко се смееше на неговите анегдоти и досетки, а тој уживаше да ја засмејува бидејќи ѝ се насладуваше на бисерната насмевка.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ја држат како капка бисерна роса на дланка.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И само што бил готов дворецот, долетале и самовилите од Беласица со своите бисерни ковчежиња полни со мртви очи...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ми се задржа на левата клепка, наполно слична на бисерно зрнце.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Езерото беше пурпурно, розова занес, бисерен аметист со квечерина, а потоа се потопи во ноќна црнина со чипка од свилена пена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
XIX Бисерна зора над Калето. Се разделувавме од заедничкиот сон со нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Влажните росни капки, посипани со зелената и сочна трева, почнаа да блескаат како бели бисерни зрна.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Налик се на летечки сокровишта со менливоста на облакот во окото, со еден свет затворен во бисерни мониста, што брзаат да го занесат пред портите на сонот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
BODY Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето; густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy, и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Поминале неколку години... Еден ден, кога бродот стигнал на островот Бисерна Школка, по бисери, луѓето на бродот мошне се изненадиле: кај нив дошол еден човек обрастен со долга коса и брада, ослабен, вистински див човек.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Марија беше убава жена: имаше привлечно лице со блага насмевка со која ги откриваше бисерните заби, кои, се чинеше, повеќе ѝ служат како украс, отколку за јадење.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мој пријателе, она што не можеш да го прифатиш кога имаш триесет години, кога мислиш дека светот е твоја бисерна школка, понизно ќе го прифатиш на педесетгодишна возраст.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Околу одвај изразито издолжениот врат имаше бисерен гердан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На прво место Митра му се бендиса како жена. Спротивно на испупчените усти и заби на Ката, Митра имаше усти како кутивче полно со два реда прави, бели бисерни заби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На момичињата им ветуваат дека на свадба, машала, ќе ги даруваат со бисерен ѓердан, што ним им ги дарувале нивните мајки, а на нивните мајки пак нивните мајки. Охридските мајки.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Малку потстана, зеде една убава четириаголна кутија од сите страни побисерена, а во средината со испакнатата слика на џамијата во Источен Ерусалим, со по два бисерни цвета од левата и десната страна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)