бистар прид.

бистар (прид.)

Да појдеш на извор зад девет младости и девет премрежја да се напоиш и внесеш во него бистер и озарен да се вратиш при мене и да ме гледаш сѐ додека не протечеш дробно по мојава планина песу мој!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дечињата повеќе на Бистар Кладенец ниту пиеја вода ниту играа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Водата е мошна чиста и бистра. Далеку од брегот се распознаваат струи на пенливо бела вода во зелената езерска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кој ни замати извори бистри извори на души чисти?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Во бистрите води на реката патуваа сенките на разлистаните тополи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
В полноќ се над ним дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца в силна светлина светеа.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А кајшто е коријата над селото имало седум кладенци со бистри води што ја напојувале плодната земја.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Палавиот зрачок се капеше. Од неговата светлина бистрата водичка се преливаше како растопено злато.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ним им беше заробен изворот Бистар Кладенец, нивното најмило место во планината, каде што ги поминуваа сите свои денови.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со допирот на сеќавањата сѐ се раствораше во бистрата вода на свеста, во прекрасен процут, во пролетниот развигор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се наведна старецот над бистриот извор, заборавајќи дека има торба на грбот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Отсекогаш децата од Брезница најмногу сакале некако да се најдат кај Бистар Кладенец.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Појдовме заедно кон крајречните врбјаци, по сочни лисја и бистра вода.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мартин, дете коешто оној ден беше со децата на Бистар Кладенец, беше заспан и сонуваше како е голем па нарамил пушка и ќе оди да го фаќа Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе