блеска несв.
блескав прид.

блеска (несв.)

На небото блескаа ѕвездите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Излитената темносина кожа ѝ блескаше со живост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Преку ден сонцето блескаше по врвовите на костењето и фрлаше шарена сенка под стеблаците.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Има ли тесна и дупка пресна со вазелин, да сјае, да блеска за топли браќа со намери задни убав и згоден депилиран задник Една желба имаме пред нас розе парада и топол колбас ануси два, поп да ги венча со бериќет вечен, да посвојат деца
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ние се качивме на карпата и од неа можевме да ја видиме големата површина на езерото како блеска под западното сонце.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во срцето на сонцето блеска човечка надеж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледнав од терасата која скалесто се спушташе кон градината. Морето блескаше со својата синевина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
На раздрумот - цевки со штикови што блескаат под првите зраци на сонцето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Телото ѝ блескаше бело на сонцето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Колоната како синџир се извива по ридот над селото, чиишто покриви блескаат на сонцето како распнати црвени знамиња.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Глигор го подигнува гласот и во очите му згуснува остро блескање: „Кои сакаат да ја видат својата земја ослободена!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Денот беше прекрасен, јунски, наставата во училиштето пред два дена беше завршена, водата на езерото Матка блескаше на сонцето и во неа се огледуваа високите карпи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но бидејќи ова може да биде недоволно зашто во толку хаотични ситуации се чини дека случајноста има огромен удел во тоа (види ја алузијата во написот за загубените куршуми кои можат да погодат некого дури на оддалеченост од два километра), јас се надевам дека една избрана ѕвезда блеска за него на небото на Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во самото пристаниште неколку кајчиња од силно лулеење превртени со дното кон небото како отруени риби што на езерската згорнина понекогаш се превртени на плеќи а крлушките им блескаат на сонцето како огледалца со кои првовљубените си праќаат ишарети.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Коските му чкртаа. Над неговата глава студено блескаа ѕвезди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бундата блескаше како нова. Татко ја беше заборавил Мајкината бунда, зашто таа никогаш не ја носеше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе