блескот (м.)

Тогаш хеликоптерот фрли меѓу нив една бомба од 20 килограми страшен блескот и чамецот се претвори во кибритчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонцето качено на огнена колесница што ја влече зелена раскрилена птица го исмејува на заровите блескотот А тие од лутина трескотат трескотат по синорите на таблата. Ликува со трескотот раката на маестрото. *
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Блескотот и во шаторите се вовлекуваше и ги лизнуваше нозете на оние извидници кои лежеа или им ги вцрвенуваше лицата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Скулпторот, пак, го беше засенил блескотот од скулптурата во која, се чини, тој го пресели својот здив и своето постоење. Таа му ја имаше земено и сенката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По долгиот блескот ги бројат камионите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само телата на љубовниците остануваа видливи под блескотот на молњите, распрскани како паднати на бојно поле, неколку од нив стенкајќи и чекајќи галебите да ги докрајчат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Погледна кон девојчињата и нивните руси косиња што се сјаеја под блескотот на светилките.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нема блескот во нивните очи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)