блесок м.

блесок (м.)

Увидот е критична фаза, кога решенијата често се јавуваат “во вид на блесок”, и можат да бидат проследени со големо восхитување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Низ асфалтот на опустениот Град прелетуваа само рамномерните блесоци на светлечките реклами.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Блесокот на порцеланот ми поминува ко танко летно облаче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Млада северница која заслепува со својот блесок и сјај.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас го молев да слезе, оти секој миг можеше да наиде експресот, но тој велеше: „Не грижи се Луцијо, јас правам чуда; ќе го сопрам возот со поглед, со еден блесок на очите ќе го сопрам; сум сопирал јас и поголеми нешта во животот, Луцијо!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Обичен блесок на окото може да те издаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна го дознавме тоа и дознавме колку многу нуди светот, колку ги полни очите блесокот на градовите, а колку малку можевме да земеме и да понесеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја видоа блескавата боја на небото и десет секунди потоа, големата комета што се извишуваше согорувајќи го воздухот, истрелана кон ѕвездите, иташе во огнениот блесок за да стане уште една ѕвезда во ротирачкото изобилие на Млечниот пат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од другата одаја се накрева песна која постепено ги исушува солзите кај сите и го враќа блесокот на радоста во очите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но неговата неизмерна благодарност често се читаше во блесокот на неговите сини очи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во градината прво ќе ја поздравеа новите цутови на нејзините цвеќиња, па блесокот на бојата на некој новоузреан плод и, на крајот трите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нејасниот лудачки блесок на ентузијазам одново се врати на лицето на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите други нешта паѓаа во сенка пред сјајот на златниот накит; од тој блесок Еразмо не можеше да го види сјајот на животот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се пробива низ неа, на ноќта светлост и дава, да не може црнината да завладее пригушен блесок на црното платно става.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Неутешната убавина на зеленикавиот блесок на сечилото го предизвикала да воздивне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Испраќа еден блесок од очите кон Пелагија, а таа, иако притисната од наплив на многу мисли, станува свесна за тоа и ѝ враќа опул со огромна благодарност не изустувајќи ни еден збор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе