близина (ж.)
Чекоревме натаму кон следниот поход слушавме гласови во наша близина суровите проклетници печеа срна и дрмаа шишиња со ракии и вина
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Само така можев да си ја повратам таа нејзина близина, да го обновам детството во себе кое, поради неа, никогаш не ме напушташе, но чиј интензитет се смалуваше со текот на годините.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Откако ја изеде својата порција шпагети со сос од патлиџани, грашок и шампињони, од салветата што му беше приложена до чинијата направи десетина мали топки и со некаков ластик кој на кој знае кој начин се најде во близината, се обиде да го гаѓа својот пријател сликар, на што овој се навреди и побегна.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ниедна Триумфална не може да се мери со твојата близина.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Кога ќе се подобрат временските услови, сите ќе учествуваат во пошумување на голините во непосредна близина на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Вилата на Ниротакис беше во непосредна близина на неговата фабрика за текстил во Дренок; по неколку метра од оградата на фабриката требаше да се мине стилизираниот железен мост преку реката и веднаш, на аголот од левата страна на мостот, се простираше убавото здание среде густ овоштарник обрабен по страните со два реда лозници.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во меѓувреме во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија чија команда на почетокот соработувала со месната власт, а своето присуство го објаснувала како привремено.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Иако не ги разбирав што зборуваат, сѐ ми стана јасно дури откако видов дека двајца мажи во моја близина ја дерат кожата од мртвиот алигатор.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Чувствуваше дека во близина има некое живо суштество.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Се наближуваа кон паркот во близина на саатот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
А таа старица седеше со ќерката во наша близина и исто, некојпат весело гровташе.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Рози никогаш немаше видено колибри од толкава близина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мајка заспиваше често со жолтата светлина на ламбата чија патина се разлеваше низ страниците на Татковите книги, кога сонот ја префрлуваше во нови времиња, во Татковата близина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Чувај се од оние поединци, кои од лековерност или по потреба ќе ги сместиш во срцето или во негова близина.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Одвреме-време проговорува, го предупредува големиот син да ја тргне чорапата од близината на огнот оти почнува да смрди на скрумовина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Таа стоела таму во речиси непосредна близина на неа, вкочането гледајќи во нејзината отворена челуст и во подадениот јазик, верувајќи дека тоа е мазнен метал или глинена змија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Овде во близината на гробиштата живее Август Рицман, пропаднатиот кловн. Кај него ќе појдам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Миризбата на јасминовите цутови, бојата на портоколавите и лимонови цветови, зреењето на калинките, играта на морските бранови во близината ме пренесуваа во еден свет на кој физички му припаѓав, но не и целосно емотивно, духовно.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Колку ли пати во ова макабрично патување, во трагикомичниот балет на сенките на водичите, во близината препознавав луѓе од мајчина и таткова рода како ми се приближуваат, но не го чинат последниот чекор до мене, а и јас останувам нерешителен на тоа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој, чувствувајќи дека таа сѐ повеќе се отуѓува од него, та кога ќе седнеа на масата да јадат и кога ќе го почувствуваше присуството на Богдана на масата, ја брецнуваше чинијата со јадење и стануваше да не го чувствува во близина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)