блуден (прид.)
Многу ми го фалат бабо курвичето твое курвичето твое бабо ептен малолетно целиот град бабо слушам бил со него со твоето курвиче бабо малолетно Ај што е малолетно не е толку штетно курвичето било бабо куриозитетно паметно ти било бабо и премногу спретно директори и господа ги служело дискретно Ајде дали знаеш бабо кого чуваш в куќа техничарче право бабо била твојта внука од куќа во куќа бабо внука ти е блудна по неколку абортуса и еве пак е трудна
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Конечно сум среќен во Дантеовиот пекол вечен, и не се тресам како прут во блудниот осми круг!
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пред алчните грла на амбициозните мајки, пред рамнодушноста на оние кои беа избранички на нашите наивни срца, како да се сочува барем отисок на сонот од трескавичните, блудни ноќи?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ме прогони како жена блудна, ненаситна, похотна, осамена. Ме грабнува во прегратка пламена неизбежно и со сила судна.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Заглушено седам во мојата соба и будно сонувам сексуални блудности.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Јас е јазик
јаз'к да ми е ако не кажам
што гледам што слушам
ако не кажам што правам
што направиле од мене
што насетувам што насетиле
и без мене и по мене
за да има сеќавање јазикот
ако не кажам
кој се огрешил
во име на народот, во име на Бога
со предумисла со завист
од зловолја во злодоба
кој понижувал, истребувал, казнувал
жива сода прскал со жив збор
во очите на бедните и блудните
крстените и недоречените
слобода кој презирал не давал одземал
кој се повлекувал предоцна и без крепост
кој се тешел, кој се правдал
ако зло правел
- зло не кажал
јавно!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Настанува психоза, ментални конфликти, безрбетност, ретардираност, деструктивна контемплација па луѓето одат во сесема друга спротивност, ирационалност, зошто не можат да ги контролираат блудните апетити.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кат растроен лаци блудни растура во кобен вјас, неумитен граба узди великиот демон- спас.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сета стока си похарчил зашто живејал грешно и блудно, и осиромашел, и дошел веќе да се остави от Бога.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Во секој случај, неговата возбуда беше толку нарасната што почнуваше да верува дека не ќе издржи речното корито полно со бистра студена вода да го направи блудна постела.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)