боледува несв.
боледување ср.

боледува (несв.)

Во неговиот стан под керамидата беше влажно и студено и затоа често настинуваше и боледуваше де од кијавица, де од грип или од некоја друга болест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не знам колку дни што боледувал дури му оздравела ногата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Потем со трчање се вратив назад во хотелската соба, ја заклучив вратата и легнав да се одморам, не давајќи им можност на мислата и на чувствата, да ме налазат како мравки од чии полазии ќе страдав и ќе боледував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кучињата ги прегледуваше ветеринар, откриваше од што боледуваат и им даваше соодветни лекарства, враќајќи им го расположението и живоста во нив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стануваше сѐ потешко да се излаже за трагичната вистина, која секој од нас се обидуваше, не да ја заборави, ами барем да не мисли постојано на неа и да не боледува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Возот тресе, бревта локомотивата како да боледува од астма и сѐ оди пополека со денови, со ноќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Поради неговото намалување, организмот ни реагира: слично како што е со билките кои живеат покрај морето и кои се навикнати на јодните испарувања: ако тие билки се пресадат на друго место каде што нема јод - не можат да виреат, боледуваат, венат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И времето надвор боледува од астма: сонцето, бледо, без сјај, се потпира на голите гранки и се тресе од студ; ветерот јури преку црните ораници како коњица во паника и фрла игличести капки дожд по вагоните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто Рацин е тој што нѐ учеше и сѐ уште нѐ учи како се боледува и тагува, како се мечтае и копнее и како се верува и надева во иднината на човекот и во убавината, волшепството и во моќта на зборот.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Потоа разбра - подолго време боледувала од жолтица.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се топи детето, ко сапунче оставено во вода. Боледува тој, боледувам јас за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Тој не те сака?“ Сега и жената во чија куќа ја боледував треската и ја доживував најголемата своја возбуда го следеше оддалечувањето на плеќестиот Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие, исто боледуваат едниот за другиот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ѝ со тивок топол глас ѝ рече на Благица: - Забележуваш ли дека нашето врапче боледува? Денеска и не јаде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ги советува луѓето, по ставањето на грозјето, шест недели да не го пијат виното, зашто тоа е во тој период уште „леунка“ и не е за пиење - боледува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Лицето на Ѓузепо му беше црвено како да боледува од црвен ветер, носот како мегленска пиперка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве, пред вас, истото морав да го образложувам на еден млад татко чие дете боледуваше од леукемија, потоа на една жена која бараше права што им следувале на инвалидни лица ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе