болникав (прид.)
Беше фатен во некоја куќа при ноќна кражба заедно со болникавиот Цветан.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ги опкружуваат Мајсторите со некоја рудиментарна чудесност, како болникави самовили! ***
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Поштарот извади од чантата мал долгунест плик за синот на Димитар Никола, учител во пензија, дооден болникав старец.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Болникавиот шивач, вообразувајќи дека во сите бунари на улицата се удавени мачки, се откажа од вода, сѐ додека скоро зачаден не беше пренесен в болница.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И се прашуваше: љубомора, што е тоа? Наоѓаше дека Шекспировите јунаци се болникави и зли како јарци. Љубомора, што е тоа?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Што е тој? И Стојан и Пере и оној болникавиот Иван загинаа достојни за клетвата...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)